На децата не смеете да им давате да јадат сè

0

Децата би сакале да си каснат сè – нешто слатко, преработени, пржени компирчиња, сакаат да ги водите во рестораните за брза храна. Сепак, сте се запрашале ли некогаш колку е здрава таа храна за вашето дете коешто сега почнува да ги стекнува животните навики, чијшто организам се развива и расте?

Треба ли навистина на детето да му дадете да јаде сè што ќе посака?

Знаете ли дека храната што можете да ја купите во детските забавни паркови, во кината, во зоолошките градини и слично не е соодветна за вашето дете? Ова е храна полна со шеќери, соли, адитиви, велат испитувањата неодамна спроведени во Британија.

Всушност, на овие места можете да купите чипс, пуканки, зашеќерено овошје, шеќерна волна, бонбони и слично, а овошје и зеленчук нема.

Дури и ако решите да му купите оброк на вашето дете, тоа се најчесто бели печива, месо на скара и слично, а многу ретко се нудат овошни салати или некаков здрав детски оброк.

Затоа нутриционистите им препорачуваат на родителите:

  • Ако менито во ресторанот не нуди здрава храна за деца, барем намалете ја количината на храна што ќе му ја дадете на детето.
  • Одберете пире компир наместо помфрит и прилози кои вклучуваат зеленчук без сол.
  • Подобро земете храна од дома, некои здрави грицки, наместо да купувате нешто нездраво.
  • Секогаш со себе носете вода или млеко со себе за да не треба да купувате засладени сокови за детето.
  • Наместо да му купите на детето сладолед, купете му овошје и јогурт и подгответе му самите овошен јогурт.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.