На буквата, на буквата…Н- како небо! ( дел 2 )

0

Македонската азбука има вкупно 31 кирилична буква, од кои 3 и се својствени само на неа (ѓ, ќ и ѕ) и уште две што ги дели само со српската (љ и њ). Секоја од нив е посебна, затоа што е почеток на прекрасни зборчиња кои ако ги немавме, ќе бевме посиромашни за неколку убавини…

На буквата, на буквата Н…
Н како небо. Она над мене кое го сакам и со сонце, но, и кога е сиво. Ме потсеќа дека сум жива и дека сѐ уште имам шанса да го променам светот на подобро.

Сакам да ве потсетам и на неколку фрази од македонскиот јазик во кои зборот „небо“ е најважниот…

bukva n (2)
Ни на небо ни на земја – несигурно, неверојатно.
Како да паднал од небо – изненаден, зачуден. Што не знае, не разбира.
Чека да му падне од небо – не работи, не се труди.
Под ведра небо – на отворено, без покрив над главата.
Го крева до небо – премногу го фали.

Н како надеж. Да имав едно дуќанче, јас би продавала само надеж. Во шарени тегли, украсени со панделки од коноп. Цел ден ќе стоев пред дуќанот и ќе викав: „Дојдете, купете надеж!“ Оти, надеж секому му треба.
Н ме асоцира на ниет. На одлучност. На восхитот кон сите оние решителни луѓе.

bukva n
Н како нишка… Од неа започнува цела една историја на разбојот.
Н како Некој. Оној Некој, кој доаѓа непланирано во твојот свет, под твоето небо и станува многу важен. Оној Некој во кој вложуваш време, љубов и надеж.
Оној Некој за кој ќе направиш ниет за сѐ оти е единствен. Оној Некој кој ќе ја има нишката на најубавата љубовна приказна.

bukva n (1)
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот