На буквата, на буквата М: Моќта дека можеме многу…

0

Понекогаш се заборавам и знам со часови да размислувам за убавината на одредени зборови. А зборовите од букви се составени, па размислувам и за буквите. Да, понекогаш си играм на буквата, на буквата и си барам зборови на одредена буква кои во себе имаат премногу убавина и моќ.

На буквата, на буквата М…

М е за моќта. Моќта да љубам секој ден се посилно. Моќта да се менувам секојдневно, трудејќи се да станам подобра, кон себеси и кон другите. Моќта дека можеме, сите заедно да менуваме, да ги движиме нештата кон прекрасни патишта, моќта дека можам да го реализирам секој предизвик кој ќе си го поставам.

na bukvata m 4

М ме асоцира на мили детски очиња преполни со прашања кои го чекаат одговорот и мили рачиња кои гушкаат посилно и помоќно и од голем човек.

М е за магија. Не мислам на црна магија, туку на онаа која се случува додека силно сакаме некој и моментите со него ни се чинат магични, прекрасни, безвременски. Она кога ја живееме најмагичната љубовна приказна…

na-bukvata-m (1)

И М е за мај, најубавиот месец во годината. Месецот на насмевките и радоста, месецот кога деновите траат толку долго што не се бркаме со часовникот, уживаме во сончевината, долгите седенки на балкон, планирањето на летото, расцветаните паркови, пријатните ѕвездени ноќи создадени за долги прошетки…

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот