НА ARMIN VAN BUUREN ВО САБОТА ВО ОХРИД СЕ ОЧЕКУВААТ РЕКОРДНИ НАД 15.000 ПОСЕТИТЕЛИ!!!  

0

Од Авалон Продукција информираат дека овогодинешното издание на ОHRID CALLING е досега најуспешно фестивалско издание на сите времиња во Mакедонија.

На првиот ден на навистина грандиозното шоу на DIMITRI VEGAS & LIKE MIKE присуствуваа повеќе од 10.000 посетители, а според досегашната продажба на резервации и слично, се очекува во сабота, на завршниот настап на фестивалот на кралот на електронската музика ARMIN VAN BUUREN да присуствуваат повеќе од 15.000 посетители, што е цифра која досега била постигната единствено на Lenny Kravitz и на David Guetta.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот