На 38 години сум премногу стар за овие 38 работи

0

Престар сум за да ги напуштам своите граници кои биле создадени од страв, сомневање во себе или нешто друго. Сега сум многу сигурен дека можам повеќе и целам подалеку;

Престар сум да живеам потсвесно во „програми од минатото“. Знам дека имам иднина и дека сум слободен да ја создадам;

Престар сум да го занемарам јазикот на емоциите од страв за исмејување, отфрлање или нешто друго. Тоа што го зборувам тоа и го правам, тоа што го правам тоа и го зборувам;

Престар сум за сериозно да гледам на ситуациите кога сум бил одбиен. Сето тоa е прилика да научам дали чукам на правилната врата или треба да одберам друга;

Престар сум да го одложувам времето, бидејќи сфаќам дека сегашноста е се што имам;

Престар сум за повторно недoволно да се смеам, бидејќи сфаќам каков лек е насмевката. Една насмевка може да го развесели пријателот, но и самиот себе;

Престар сум се уште да не знам како да го контролирам стресот. Можа да бидам во баланс со моите реакции и смирено да се однесувам како знам и умеам;

Престар сум да се обвинувам себе си за лошите работи што сум ги направил бидејќи доволна е казната да ги сносам последиците;

Престар сум за макар и малку време да не посветам на медитација, бидејќи тука се крие балансот и силата на животот што се излева од целото тело и душата;

Престар сум да го заборавам вежбањето на телото, бидејќи само тоа дава голема енергија, сила и мотивција за иднината;

Престар сум за секогаш да сум достапен на сите, бидејќи тоа ме уништува. Убаво е да се биде со луѓе, но убаво е и да се поминува време сам со себе;

Престар сум да оставам не разјаснети ситуации бидејќи не ми се потребни во иднина. За момент ќе застанам, ќе размислам добро и ќе донесам одлука;

Престар сум да не барам убавина во едноставни работи, бидејќи на ниту едно друго место нема да најдам.

Престар сум да мислам дека може да живеам без никаква цел. Секој мој ден е уникатен на свој начин, а едиснтвен по целта која треба да ја постигнам тој ден. Нема тука никаква филозофија;

Престар сум да не ги оставам негативните емоции, бидејќи сам на себе си штетам. Можам да живеам без негативни мисли, луѓе и навики, само мора да верувам дека умеам и подобро;

Престар сум да не сум благодарен. Тоа е знак дека сфаќам колку секојдневно добивам благослов во својот живот иако не можам да ја возраватам, можам да сум благодарен;

Престар сум да не ја ценам секоја минута од животот. Овие години ме научија дека ги сметаме само минутите, другите мерни единици не;

Престар сум да не ризикувам, бидејќи без ризикување не знам што точно може да постигнам. Без ризик ќе останам без многу животни лекции, ќе останам без трага зад себе, трага што на многу им го покажува патот;

Престар сум да градам ѕидови околку себе, бидејќи така би останал во дупка;

Претсар сум да се грижам што другите мислат за мене. Никогаш не ми било јасно зошто е толку важно и зошто некогаш на тоа сум му придавал внимание;

Престар сум за себе си да се сфаќам премногу сериозно. Тогаш животните проблеми би станале вистинска драма, а тоа во животот не ми е потребно;

Престар сум да се обидувам да ги задоволам сите, бидејќи ни тие самите не може да си се задоволат;

Престар сум да ја повторувам истата грешка 2-3 или повеќе пати, бидејќи тогаш навистина нема да знам што да кажам;

Престар сум да ги осудувам луѓето околку мене, бидејќи не знам како минато имале. Со малку разбирање би се решиле сите проблеми.

Престар сум да не внимавам како се однесувам со луѓето околку мене, бидејќи некои односи и средби немаат реприза. Тоа што еднаш ќе го направите останува како последица за секогаш;

Престар сум да застанам на препреките бидејќи на тој начин би можел да се вратам назад наместо да чекорам нанапред;

Престар сум да се продавам за било што…имам многу што да дадам, а немам потреба од материјални работи;

Претсар сум да не се грижам за страдањето на другите, бидејќи она што денес им се случува на нив, може да ми се случи и на мене;

Престар сум да размислувам за лошите времиња, бидејќи единствено лошо време е она кога не правиме, а имаме многу прилики, сила и можности.

Престар сум да го темелам животот на тоа да бидам во центарот на вниманието, можам да бидам среќен и тука кај што сум;

Престар сум да ги разбирам сите работи лично „здраво за готово“- знам каков е светот и какви се луѓето и на тој начин сум ги прифатил;

Престар сум да очекувам сите работи да бидат под моја контрола, бидејќи животот е таков каков што е;

Престар сум да живеам во минатото и затоа одбирам да живеам во сегашноста;

Престар сум да ја испуштам шансата да уживам во животот и во малите работи кои најмногу не прават среќни;

Престар сум да се сожалувам себе си за работите кои не сум ги направил. Секој ден е мала вечност во која може да се направи тоа што не сме го направиле;

Престар сум да го гушам гласот на своето срце. Ако некого или нешто многу сакам морам да му кажам и да му покажам;

Престар сум да влегувам во сите расправии. Сега ги одбирам само оние на кои мора да одговорам;

Престар сум за лошите работи , лошите навики и лошите луѓе. Сега одлучувам да го одберам тоа што е најдобро и да дадам најмногу од себе.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар