Музиката нè прави попаметни

0

Истражувачите од Универзитетот во Цирих го оспорија општоприфатеното мислење дека коефициентот на интелигенција е непроменлив. Нивниот став е дека интелигенцијата може да се зголеми, а најдобар начин за тоа е свирењето на некој инструмент.

Психологот Лук Јанк потенцира дека со свирењето на некој инструмент се менува структурата на мозокот дури и кај луѓе кои се постари од 65 години. После 4 или 5 месеци свирење на некој инструмент барем еден час неделно, научниците кај испитаниците забалежале големи промени на мозокот како подобрување на когнинитивната функција, слухот, моторичките функции и рефлексите.

Свирењето е активност која помага за нега на клетките кои се одговорни за функционирање и извршување на секојдневните работи поврзани со мозокот. Според ова истражување, свирењето го намалува стресот, го опушта телото и умот и му помага на телото максимално да се фокусира на физичките активности кои секојдневно ги извршуваме.

Она што е најдобро од ова истражување е тоа дека свирењето на некој инструмент нè прави посреќни, ги подобрува нашите говорни способности, вербалната флуентност како и го подобрува начинот на кој ги процесираме нашите информации и ја подобрува нашата способност за учење на нови нешта.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот