Музика за мотивација: предлог листа

0

Викендов е совршен за да танцувате, да го сакате сонцето и да останете мотивирани до крај. Секој од нас има омилена песна, ако не и повеќе песни кои му го поткреваат духот и го прават расположен. Кога ја слушаме музиката што ја сакаме се ослободува хормонот на среќа и животот станува поедноставен, поубав, а проблемите подалечни. Во име на тоа, ние ви презентираме неколку песни кои важат за мотивациски и кои во секое време можат да ве расположат.

Survivor на Destiny’s Child, песна на која нема шанси да останете мирни. Беше објавена во 2001 година, а помина одлично на топ листите.

“Stronger” на миленичката на америкнската публика,  Kelly Clarkson. Во 2011 година ја објави песната, а албумот на кој можеше да се слушне го носеше насловот Stronger.”

“The Show Must Go On” на безвременските Queen. Уште една песна која ви дава позитивно чувство на моќ. Албумот го носеше насловот  Innuendo, годината на објавување беше 1991.

“Always Look On The Bright Side Of Life” на  Monty Python. Во 1979 година беше објавена оваа песна, а инаку беше дел од саундтракот за филмот Monty Python’s Life of Brian.

Michael Jackson со песната која дава инспирација и желба за подобар живот “Heal The World”. Инаку оваа е неофицијална химна на планетата земја, видеото кое допре до сите нас и на кое се уште се сеќаваме. Албумот на кој се најде оваа песна беше Dangerous од 1991 година.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот