Музички земјотрес – Калабалак втора едиција

0

Источна Македонија, поточно Радовиш, на 23 јули повторно ќе биде епицентар на музичкиот спектакл „Калабалак“. Фестивалот кој претходната година остави огромен впечаток кај сите оние кои присуствуваа, годинава ветува уште поголем интензитет на забава.

Претходната година, добро познатите „Stadium X“ се погрижија да креираат незаборавна ноќ, а годинава иста мисија има ултра-популарниот музички продуцент, младиот французин Tom Tyger, кој на музичката сцена е подржан од најголемите имиња на „dance“ музиката како то се Avicii, Martin Garrix. За нештата да станат појасни, вреди да се истакне дека токму овол млад диск џокеј во 2015 година беше избран за најдобар нов талент од страна на престичниот магазин „DJMAG“.
Покрај него, за Вашата забава ќе се погрижат веќе докажаните ДЏ-и од Македонија и Балканот, Галовски, Вес, Зоки Поки, Тодоров, Мирок.

13723959_814381001995602_7738698906363902047_o__1468931466_46.217.69.138
Вибрациите предизвикани од „Калабалак“ веќе почнааа да се чувствуваат во Македонија. Интересот расте од ден на ден. Доколку не сакате да Ви прераскажуваат, а ќе има што да се прераскажува, не губете време и купете си карта за „Калабалак“ каде забавата е загарантирана.
За да се уверите дека навистина е така, погледнето го „after movie“ видеото од минатата година и уживајте.
https://www.youtube.com/watch?v=H6ZISDhzM-M
Не си дозволувајте таков луксуз, да пропуштите забава од ваков калибар. Ве очекуваме.
Карти можат да се купат на: www.kupikartizase.com
Повеќе инфо: www.projectkalabalak.com

13524332_803230216444014_654846743525731563_n-1-696x258

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар