Музејот на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на музеите

0

Денеска е Меѓународниот ден на музеите, а по тој повод  Музејот на Македонија ги отвори своите постојани поставки за посетителите без наплатување на билети. Секој посетител во текот на овој ден ќе добие подарок една публикација во издание на Музејот. Истиот ќе биде отворен од 9 до 17 часот.

Во рамките на  манифестацијата „Европска ноќ на музеите“ во сабота со почеток во 20.30 часот, ќе биде отворена изложбата „Сакралните објекти и руралната архитектура на Велешкиот регион“.

Изложбата се поставува како гостување од Народен музеј, Велес. На триесет и седум постери презентирано е богатото архитектонско наследство на општините Велес, Чашка и Градско. Со поставувањето на изложбата, Музејот на Македонија се приклучува на илјадниците музеи во Европа, кои ќе ги отворат своите поставки за посетителите во чест на Денот на Музеите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот