Музеи кои ја слават модата и дизајнот

0

Музеите се храмови на уметноста и чувари на спомените. Низ светот има музеи кои ја слават модата, дизајнот, костимите… Еве ги најдобрите храмови кои ја чуваат историјата за модата и дизајнот.

Victoria and Albert Museum, Лондон

Овој е еден од водечките музеи за мода и дизајн во светот. Во музејот се сместени најголемите колекции на фустани кои се носеле во седумнаесеттиот и осумнаесеттиот век.

Victoria and Albert Museum 1 (1)

Galleria del Costume, Palazzo Pitti, Фиренца

Во овој музеј имате можност да погледнете како изгледале фустаните и наметките на италијанските аристократки во осумнаесеттиот век. Во музејот има фустани и предмети кои припаѓале на контроверзното семејство Медичи.

Galleria del Costume, Palazzo Pitt 1 (1)

Galleria del Costume, Palazzo Pitti 2 (2)

 

Galleria del Costume, Palazzo Pitti 3 (1)

The Costume Institute at the Metropolitan Museum of Art, Њујорк

Во овој музеј има 35000 костими и лични предмети од 15 век, па наваму. Во 2011, музејот беше домаќин на најголемата ретроспективна изложба направена кога било. Изложбата беше посветена на Александар Меквин. Во музејот, често се организираат и изложби со хуманитарни цели.

12765594_1138619409504114_1351875211_o

MUDE ‒ Museu do Design e da Moda, Лисабон

Луксузен мебел, скап накит, свилени фустани се дел од колекцијата на овој музеј, а датираат од почетокот на дваесеттиот век. Исто така, овој музеј поседува и неколку кмолекции на Вивиен Вествуд и Жан Пол Готје.

Museu do Design e da Moda 2 (1)

Museu do Design e da Moda 1

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.