Мусака – македонски специјалитет подготвен на повеќе начини

0

Македонија е земја со богата историја. Покрај своите природни убавини и историски градби кои можат да се посетат, на туристите им нуди и изобилие на традиционална храна и квалитетни вина кои можат да ги пробаат.

Кога ќе се спомне македонска традиционална кујна, веројатно веднаш помислувате на тавче гравче, сарма, полнети пиперки, мусака или турлитава.

Поврзани содржини: Традиционална македонска храна што ќе им се допадне на вашите гости од странство

Овој пат ќе обрнеме повеќе внимание на мусаката, традиционално македонско јадење со отоманско потекло, која сите сме ја пробале подготвена со компир и мелено месо.

Oвој специјалитет всушност може да се подготви на повеќе начини.

Хотел Влахо ги предлага следните три варијанти на мусаката, кои мора да ги пробате или предложите на туристите кои го сакаат вкусот на македонската традиционална храна.


Мусака со компири и печурки

Ако меленото месо го замените со печурки, ќе вкусите оброк за паметење.


Мусака со модар патлиџан

Мусаката подготвена на овој начин, го подигнува вкусот на сосема поинакво ниво.


Мусака со тиквички

Тиквичките како дел од традиционалниот рецепт за подготвување на мусака, одлично се вклопуваат давајќи му посебен шмек на вкусното доживување.

Која варијанта најмногу ви се допаѓа вам? 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.