Муреа – островот на љубовта

0

Муреа е тропски остров кој се наоѓа во архипелагот Француска Полинезија, кој се состои од 130 острови, од кои најблиску до него се Тахити и Бора Бора. Долгите песочни плажи со бел песок, високите планини околу островот и тиркизното море се повеќе и од доволно причини за да ја посетите оваа убавина.

Романтичната Муреа е дестинација број еден на многу вљубени парови и одлично место на кое можете да го поминете медениот месец или пак вашиот одмор, па токму затоа, неслучајно Муреа е наречен и „остров на љубовта.“

До островот се стига со фериброд од островот Тахити, на кој се наоѓа интернационалниот аеродром, портата на овој регион.

murea murea (1) murea (2) murea (3) murea (4) murea (5) murea (6) murea (7) murea (8) murea (9) murea (10) murea (11) murea (12) murea (13)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот