Мудроста на шаолините

0

Повеќе од 2 илјади години, шаолините живеат балансиран живот со природата. Веруваат дека секој од нас во себе носи своја вистина до која може и мора да стигне со користење на одредени техники, како медитација или боречки вештини.

Иако западниот свет ги поврзува исклучиво со кунг фу, таи чи и чи гонг боречките вештини, овие монаси знаат многу повеќе за животот.
Тие живеат здраво и имаат подолг животен век, витални се и смирени. Нивното учење претставува спој од учењето и верувањето на будизмот и таоизмот. Нивните вештини не можат да ја направат реалноста да изгледа поубаво, бидејќи реалноста според нив зависи само од тоа како се гледаме себеси и сопствениот одснос со светот.

Нивниот принцип може да се примени насекаде во светот, без разлика каде живеете и што работите, а здравјето и долгиот живот се загарантирани.

Еден од монасите, напиша неколку совети кои се корисни за сите што сакаат да живеат долг и здрав живот и да ја зачуваат својата виталност.

Еве неколку од нив:

Не размислувајте. Размислувањето троши многу енергија. Од премногу размислување стареете.

Не зборувајте премногу. Повеќето луѓе или зборуваат или работат. Подобро е да работите.

Кога работите направете 10 минути пауза. Кога подолго време гледате во нешто вие го оштетувате видот, внатрешните органи и внатрешниот мир.

Кога сте среќни, бидете во контрола. Не дозволувајте да ја изгубите контролата, бидејќи на тој начин ја уништувате енергијата во градите.

Ако се лутите или грижите премногу, ја нарушувате енергијата во црниот дроб и цревата.

Не се прејадувајте. Кога внесувате повеќе од доволното вие ја нарушувате работата на слезината. Јадете малку, онојпат кога ќе почувствувате глад.

Кога работите, работете полека, без брзање. „Чекорете полека и побрзо ќе стигнете до целта.“

Ако практикувате само физички вежби без медитација, ќе станете нестрпливи и нервозни. Така го губите балансот во вашето тело и ја губите Jин (женската енергија) што се наоѓа во вашето тело. Вежбањето ги балансира овие две енергии, односно Јин и Јанг.

Ако не вежбате, туку само медитирате, ја губите Јанг енергијата во вашето тело која е машкиот принцип за дух, љубов и добро.

Силата доаѓа од умот
Будистичкиот манастир Шаолин, е еден од најголемите духовни центри во Кина, сместен е во провинцијата Хенан, 700км од Пекинг. За да се постане мајстор во боречките вештини потребно е да се тренира најмалку 15 години.

Родителите во Кина уште од 10 годишна воздраст ги запишуваат своите деца во приватни школи во близина на манастирот за да научат шаолин кунг фу, а нивната желба е еден ден да станат монаси во манастирот Шаолин кој го изградил кралот Ksajo Vena во 495 година.

Според верувањата на еден од шаолинските мајстори по кунг фу, силата доаѓа од умот, а границите скоро и да не постојат. Тоа може да се забележи и по нивните тела додека тие тренираат. Вежбаат техники кои се сконцентрирани на воспоставување баланс, сила, издржливост и самоодбрана. Многу од нив можат да издржат големо ниво на болка, нивното верување е дека телото е спремно да издржи скоро се, се разбира до помош на силниот ум и дух.

Монасите тренираат седум дена во неделата. Почнувајќи од 5.30 часот наутро до 6 часот попладне, со пауза за ручек. По ручекот следи получасовна дремка, со која ја обновуваат енергијата која им е потребна за остатокот на денот.

Многу истражувања докажаа дека 30 минутен сон е најдобар за подобрување за способноста да се реагира навремено, да се биде одморен и способен за акција.
На прашањето како тие успеваат да ги издржат овие интензивни тренинзи, тие велат дека одговорот лежи во mantau диетата, која содржи бел леб припремен на паера, големо количество на овошје и зеленчук како и риба.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот