„Мудрите го зборуваат само она што го знаат“ – Џ.Р.Р. Толкин

0

Еден од најдобрите филмови на сите времиња е „Господар на прстените“. Сите се сеќаваме на трилогијата и авантурите на Дружината на прстенот кои нè оставаа без здив.

Филмот беше направен по книгите на Толкин, кој своите мисли и фантазии ги преточи во маестрални дела. Меѓу неговите редови има многу совети кои ќе нé научат како навистина да станеме господари на своите животи.

-Не сите кои талкаат се изгубени

-Каде што има живот, има и надеж.

-Често надеж се раѓа тогаш кога ќе кренеме раце од сè.

-Не е важна силата на телото, туку силата на духот.

-Сé што треба да одлучиме ние е што да правиме со времето кое ни е дадено.

-На овој свет има добрина и вреди на се бориме за неа.

-Малку по малку, човекот ќе отпатува многу далеку.

-Лажната надеж е поопасна и од стравот.

-Мудрите го зборуваат само она што го знаат.

-Сите имаат своја вредност. ..Едните продонесуваат за вредноста на другите.

-И најмалечката личност може да го промени текот на иднината.

-Не е лоша работа да се слави едноставноста на животот.

-Кога повеќето луѓе храната, прославите и песните би ги ценеле повеќе од златото, светот би бил повесело место.

-НИКОГАШ е предолг збор за мене.

Авторот на „Господар на прстениете“, Џ.Р.Р. Толкин е роден на 3 јануари  1892 година, а починал на 2 септмеври 1973 година. Тој е роден во Јужна Африка, но целиот свој живот го поминал во Англија. Дипломирал англиски јазик и литература во 1915 година со најголем академски успех.

После Првата светска војна, во која земал учество и се борел на територијата на Франција, се вратил во Оксфорд, како професор по англосаксонски на колеџот „Пембрук“. Тоа е периодот кога почнува да го пишува „Хобит, а успева да ги напише и првите два дела од „Господар на престените“.

Денес во Англија, им обележја од каде што Толкин ја црпел инспирацијата. Интересно е тоа што неколку карактеристични работи во книгата се инспирирани од вистински објекти, како двете кули, дрвото во првиот дел под кое Фродо и пријателите се кријат од темната коњаница.

Користени информации: stil.kurir.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот