„Мудриот човек може да научи многу повеќе од глупаво прашање отколку глупавиот од мудар одговор.“- Брус Ли

0

Роден Ли Џун Фан, (27 ноември 1940 – 20 јули 1973) глумец, мајстор на боречки вештини, филозоф, режисер, продуцент, сценарист и основач на приодот на борба наречен „Џит Кун До“. Тој се смета за културна икона и еден од највлијателните борци на 20 век.

Кога наполнил 18 години, Ли емигрирал во САД за да се здобие со американско државјанство и со повисоко образование. Тоа бил периодот кога започнал да предава боречки вештини, кои наскоро го довеле до филмски и телевизиски улоги.

Брус Ли стана фигура позната низ целиот свет и многу популарен меѓу азиските народи, а особено меѓу Кинезите, бидејќи преку неговите филмови го отсликувал кинескиот национализам. Ли првично тренирал Винг Чун, подоцна ги отфрлил добро дефинираните боречки стилови и го поттикнувал користењето на корисни техники од различни извори во духот на неговата лична филозофија за боречките вештини која ја нарекол Џит Кун До.

Почетоците и развојот на боречките вештини

Grace, мајка му на Брус Ли припаѓала на еден од најбогатите и најмоќните кланови во Хонгконг наречен Ho Tungs. Таа била внука на Сер Robert Ho Tung, патријарх на кланот. Како таков, младиот Брус Ли израснал во богата и привилегирана животна средина. И покрај оваа предност поради статусот на неговото семејство и поради тоа што голем број луѓе бегале од комунистичка Кина во Хонгконг, соседството во Хонгконг во кое израснал се преполнилo, станало опасно и полно со ривалства меѓу бандите.

Хонгконг по војната било тешко место за растење. Бандите ги контролирале улиците и Ли често пати бил принуден да се тепа. Но, Брус сакал предизвици и се соочувал со неговите противници. На разочарување на неговите родители, уличните борби на Брус продолжиле и насилната природа на неговите конфронтации ескалирала.
По замешаноста во неколку улични борби, неговите родители одлучиле дека Брус Ли треба да тренира боречки вештини. Првото запознавање на Брус Ли со боречките вештини било преку неговиот татко, Lee Hoi Cheun.Тој ги научил основите на Wu стил Tai Chi Chuan од својот татко.

Најголемо влијание на напредокот на Брус Ли во боречките вештини било учењето на кинеската боречка вештина Винг Чун. Редовните тренинзи главно се состоеле во практикување чи сао (chi sao) вежби (trapping hands), техники на дрвена кукла и слободен спаринг.

Брус Ли бил познат по неговата физичка кондиција и сила како и посветеност кон фитнес режимот.

Toj сметал дека борци од неговото време не поминуваат доволно време на физичка тренинг. Ги вклучил сите елементи на вкупниот фитнес – мускулна сила, мускулна издржливост, кардиоваскуларна издржливост и флексибилност.

Се обидел со традиционални бодибилдинг техники за да се изгради големи мускули или маса. Сепак, бил внимателен во поучувањето дека менталната и духовната подготовка се од фундаментално значење за успехот на физичкиот тренинг во умешноста на боречките вештини . Во својата книга Тао на Џит Кун До, тој напишал

„Тренингот е еден од најзапоставените делови на атлетиката. Премногу време се посветува на развивање на вештина, а премалку за развој на поединецот за учество. ЏКД најпосле не се состои во детални техники туку во високо развиена духовност и фигура“

Иако Ли е најдобро познат како борец, тој, исто така студирал драма и филозофија на Универзитетот во Вашингтон каде ја својата идна жена Линда Емери (Linda Emery), американска учителка со која се венчал во август 1964 година.

Тој бил начитан и имал богата библиотека. Неговите сопствени книги за боречки вештини и филозофија на борбите се познати по нивните филозофски тврдења и внатре и надвор од круговите на боречките вештини. Неговата еклектична филозофија честопати била контрадикторна на неговите верувања, иако и тој тврдел дека неговите боречки вештини биле само метафора за такви учења.

Тој верувал секое учење на крајот доведува до самоспознание и рекол неговиот избран метод на самоизразувањето се боречките вештини. Неговите влијанија ги вклучуваат таоизмот, филозофот и спиритуалист Џиду Кришнамурти и будизам.

Следниве цитати ја рефлектираат неговата филозофија на борба:

„Биди без форма … без облик, како вода. Ставаш вода во чаша, таа станува чаша. Ставаш вода во шише, водата станува шише. Ставаш вода во чајник, таа станува чајник. Сега водата може да тече, или да лази или да капе или да се судира! Биди вода, пријателе …“

„Сите видови на знаење, на крајот водат кон самоспознание“

„Користете го само она што функционира и земете го од каде било.“

„Секогаш биди тоа што си. Изрази се, имај верба во себе. Не излегувај во потрага по успешна личност за да ја копираш.“ 

„Тајната не е во секојдневното зголемување, туку во секојдневното намалување. Отстранете го небитното.“

„Знењето ќе ви даде моќ, а карактерот почит.“

„Брзиот темперамент многу брзо ќе ве направи будали.“

„Ако поминувате многу време само мислејќи, никогаш нема да ја завршите работата.“

„Посесивноста доаѓа од умот.“

„Грешките секогаш можат да бидат простени се додека имате храброст да ги признаете.“

„Ако го сакате животот, не губете го вашето време. Животот е создаден од време.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.