“Мудреците зборуваат затоа што имаат нешто да кажат; будалите затоа што мора да кажат нешто” – Платон

0

Основачот на првиот институт за високо образование , Платон е роден во 428 година п.н.е.
Бидејќи пораснал во влијателно семејство, класичниот филозоф е опишан од многумина како еден од најголемите писатели за философските теории во историјата на човештвото.

Платон напорно учел и работел од рана возраст, апсорбирајќи сè што ќе види, длабоко размислувајќи.

Основата на епистемологијата, теоријата на знаењето, лежи во делата и учењата на Платон. Како студент на Сократ и учител на Аристотел, неговите теории во полето на филозофијата се најшироко проучени и читани низ целиот свет.

Се проценува дека имал IQ преку 180, во споредба со IQ на просечен човек од 90-110.
Филозофијата на Платон и неговите зборови ни даваат многу големи животни лекции што можеме да ги усвоиме…

Доблеста е клучот
“Бидете љубезни, зашто сите што ги среќавате се борат со тешка битка”.

Доблеста е ретка појава денес. Не само што ќе усреќите некој со тоа што ќе бидете љубезни, туку чистото задоволство што ќе го добиете вие со тоа што ќе бидете љубезни кон некој – ќе направи доволно за вашата душа.
Затоа, бидете љубезни, бидете внимателни и давајте простор на автомобилот кој сака да помине на патот, да ја задржите вратата за некого, да се насмевнете на некој странец. Секое мало дело на љубезност се брои, и никогаш не знаете на кој начин можете да разубавите нечиј ден.

Размислете пред да кажете нешто
“Мудреците зборуваат затоа што имаат нешто да кажат; будалите затоа што мора да кажат нешто “.

Не секоја мисла треба да се изрази со зборови. Понекогаш е најдобро да се процени ситуацијата пред да се даде вашето мислење. Понекогаш најдобро е да не го дадете своето мислење воопшто. Пред да влезете во дискусија со бесмислен аргумент кој нема да оди никаде, размислете.

Играјте фер
“Можете да откриете повеќе за една личност во еден час игра отколку во една година разговор”.

Дали некогаш сте седеле со некој што секогаш делува како навистина слатка личност, но потоа целосно се менува кога играте натпреварувачка игра?
Начинот на кој оваа личност ја игра играта е всушност начинот на кој таа личност обично ги извршува деловните или другите области во нивниот живот.
Можеме да земеме два совети од оваа негова мисла…
1. Секогаш кога ќе запознаете некој, обидете се да играте игра која го истакнува натпреварувачкиот дух (карти, табла, пикадо…)
2. Проверете го сопственото однесување за време на натпреварувачка игра. Како реагирате? Дали лажете? Дали се лутите кога губите?
Надминувањето на сопствените недостатоци преку играта може да ви помогне да ги надминете овие навики во реалниот живот.

Започнете…
“Почетоците се најважниот дел од работата”.

За успешно завршување на трката, прво мора да ја започнете. Почетокот на вашата работа е веќе 50% од вашиот успех, само затоа што сте започнале.
Направете добро
“Добрите постапки ви даваат сила и инспирираат добри дела кај другите луѓе”.

Ако сакате светот да биде добар со вас, тогаш мора прво да започнете со себе. Однесувајте се кон луѓето како би сакале да бидете третирани, со почит, достоинство и љубезност. Добрата карма што доаѓа на вашиот пат со тоа што правиш добро е одлична поддршка за да ве однесе до нови височини.

Користете ја вашата моќ мудро
“Мерата на човекот е она што тој го прави со моќта”.

Природно е да имате моќ над сè што е помало од вас, како на пример деца, животни, дури и растенија. Многу пати, луѓето сакаат да ги обвинуваат своите газди за се, бидејќи имаат власт над нив. Но, запрашајте се: Дали сте фер према оние врз кои вие имате моќ? Дали сте љубезни со вашите деца? Дали сте мили и нежни кон животно на улица? Дали ја користите моќта што ја имате, со сочувство?

Продолжете да се едуцирате
“Ако еден човек го запостави образованието, тој оди на куца до крајот на својот живот”.

Учењето е една од најважните работи што може да ги направи еден човек, а можеби и најдобриот дар што некој може да го даде. Времето поминато во учење на нови работи никогаш не е залудно потрошено време. Затоа, продолжете да учите, да се развивате и да растете.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.