Мрзеливоста некогаш може да биде продуктивна

0

„Јас не мислам дека потребата е мајка на пронајдокот. Пронајдокот, според моето мислење, се појавува директно од мрзеливост-за да би се спасиле себеси од проблеми“-Агата Кристи.

Мрзеливоста се смета за проклетство во нашето општество, а претставува и табу тема.
Меѓутоа, ако сме доволно кул, може да биде и маскиран благослов со цел да ни помогне да креираме нешта кои се навистина важни.
Ова се само дел од причините поради кои мрзеливите луѓе често успеваат да постигнат големи успеси.

1.Тие обрнуваат внимание и на најситните детали

Брзината е квалитет кон кој секој работник би требало да се стреми. Кога ќе се вработиме, се ‘убиваме’ од работа бидејќи нашата конвенционална работна етика го бара тоа од нас. Кога вредните работници ја канализираат својата интелигенција и енергија кон работата што ја вршат, тие ги занемаруваат суптилните нијанси кои се всушност нештата кои се важни. Додека пак тоа не е случај со мрзеливите личности, бидејќи тие имаат многу повеќе и време и енергија да се фокусираат на важните нешта, а притоа да не се испотат.

2. Тие размислуваат надвор од рамката

„Би одбрал мрзелива личност да заврши тешка работа, бидејќи мрзеливата особа ќе најде лесен начин да го направи тоа“, вели сопственикот и основач на Мајкрософт-Бил Гејтс.
Тие се всушност опседнати со својата пасија која е -да имаат што помалку работа, п.с. така тие секогаш успеваат да најдат едноставно решение дури и за најсложените проблеми. Така имаат повеќе време да го прават она што сакаат најмногу да го прават, а тоа е да не прават ништо.

3. Тие заработуваат дури и кога спијат

Мрзеливите бизнисмени често успеваат да развијат бизнис кој ќе им генерира приход додека спијат.
На пример: Доколку некој бизнисмен отвори ланец на фаст-фуд ресторани, мрзеливиот ќе најде начин да ги поврзе потрошувачите со производот така што тој нема директно да биде вклучен во работата, а ќе заработува. Односно, додека вредните работници поминуваат часови и часови во канцеларија, мрзеливите наоѓаат начин да заработат а притоа да уживаат не правејќи ништо.

4. Тие се често премногу мрзеливи за да бидат мрзеливи

Доколку на некој од нив му се гледа телевизија меѓутоа го мрзи да стане и да го вклучи телевизорот, логично решение за таква личност не е да стане и да го вклучи туку одлучува наместо тоа сам да се забавува, односно да прави нешто друго кое ќе му го пополни времето, а нормално нема да бара никаков напор.
Баш во таквите моменти на екстремна мрзеливост се раѓаат некои од најкреативните и паметните идеи кои произлегуваат од екстремната мрзеливост. Тие идеи се најчесто оние од кои луѓето се воодушевени и ги сметаат за генијални.
5. Нивната крајна цел е да создадат мрзеливо општество

Развојот функционира како индукција-треба само да се развие и ќе роди понатамошен развој. Мрзеливите луѓе всушност придонесуваат во создавањето на мрзеливо општество во кое луѓето ќе треба помалку да работат. А добрата работа е во тоа што тие не се откажуваат од својот план, а нивната мрзеливост не познава граници.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.