Мрачната страна на Венеција: Островот Повеља

0

Овој мал остров е место со многу бурна и застрашувачка историја, сместен е помеѓу Лидо и Венеција. Местото некогаш било дом на повеќе од 160 000 заразени луѓе од чума, кои биле оставени таму и осудени да ја чекаат смртта. Заради неговата излираност, долго време служел како карантин, така што постојат гласини дека 50% од самиот остров го сочинуваат човечки остатоци.

Неодамна, група арехолози го докажале тоа, откривајќи масовни гробници, каде биле пронајдени остатоци од луѓе кои умреле од чума.

Островот се спомнува прв пат во хрониките од 421 година, кога луѓето од Падова и Есте пронашле прибежиште на варбварските цивилизации. Во 9.век популацијата на островот почнала да расте, како и неговата важност.

ostrvo_povelja-600x395__1479743005_79-125-250-164

Кога во 1379 година година, Венеција била нападната од Џеновската флота, луѓето од островот биле преселени на друго место, оставајќи го празен. Во 1965 година, владата на Венеција го оградила островот со тврдини заради заштита и контрола, кои постојат и денес.

Во 1922 година, зградите кои биле направени, станале азил за ментално болните луѓе и оние кои имале потреба од долгорочна нега. Постојат гласини дека таму биле правени разни екперименти, како и лоботомија на пациентите, но никогаш официјално не е потврдено.

povelja_1-600x433__1479742985_79-125-250-164

Во текот на годините постоел обид да се насели, но безуспешно, никој од посетителите не сакал да остане ниту еден ден. Денес е ненаселен, а на посетителите сè уште не им е дозволен пристап. Рушевините, крематориумите, болниците и сите останати згради постојат, за да сведочат за страшната судбина на луѓето кои биле испратени таму да го завршат животот.

Тоа е место каде што и по толку години мириса на смрт.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.