Mr . Burberry за мажи со цврст став и појава што освојува

0

 Ништо не може да ги стимулира сетилата така брзо како што тоа може да го направи моќниот парфем. Токму тоа е девизата по која се водеа создавачите на новиот парфем за мажи – Mr. Burberry.

Ако трагате по ноти кои ќе ве направат таинствен и недостижен, одлучете се за овој заводлив и екстравагантен мирис кој е богат со контрастни ноти. Срцето на мирисната композиција го сочинува доминацијата од грејпфрут, естрагон и карадамон, а  тука се и нотите од бреза, мускатно оревче, кедрово и сандалово дрво, дива трева, чија приоритетна мисија е да ја истакнат маженственоста и експресно да допрат до спротивниот пол.

12961651_10209753761188608_5175856577435188771_n

Најпознатиот британски моден тренд тргна од корените на својата колевка – Лондон при создавањето на мирисот кој го отсликува карактерот на припадниците од посилниот пол во престолнината, а тие имаат став и стил на вистински господин со изграден идентитет.

Mr. Burberry изобилува со маженственост и страст кои стануваат синоним за мажите чија појава освојува на најсилен начин, преку сетилата.

Факт кој го потврдува рекламната кампања која изобилува со многу романса, љубов, емоции…

12994386_10209753761068605_6113309836505351818_n (1)

Перфекцијата е второто име на Barberry, затоа и амбалажата на парфемот е доведена до совршенство, инспирирана од безвременскиот trench капут. Затварачот на горниот дел е реплика на копчињата, додека материјалот во кој е обвиткан и има рачни везови и е патентиран пред еден век од Томас Барбери.

Нема сомнеж дека препознатливоста од идентитетот на личноста ја сочинува и парфемот, затоа направете го вистинскиот избор за комплетна дефиниција на вашето Јас со уникатниот Mr. Burberry.

13015202_10209753761268610_8447356974303671777_n (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот