Мозокот на математичарите се разликува од останатите!

0

Новите истражувања покажале дека вршењето на сложените математички операции е засновано на посебни мозочни функции со кои се раѓаат исклучителни поединци.

Францускиот тим на научници неодамна дошол до сознание дека при математичките операции се вклучени делови на мозокот, различни од оние кои се задолжени за еднакво комплексни нематематички задачи. Тие користеле магнетна резонанца и ја снимиле мозочната кора кај 15 математички стручњаци и 15 високообразовани луѓе кои немаат допирна точка со математика. Резултатите покажале дека само кај математичарите при вршењето на математичките задачи се вклучувале поединечни делови од мозокот кои не биле вклучени во текот на обработката на нематематичките прашања.

Мери Амалрик извршила студии каде што дошла до заклучок дека мозокот на математичарите поради употреба на додатните зони им слабее и се намалува активноста во визуелната зона. Тоа значи дека ресурсите на мозокот кои се потребни за извршување на посложени математички функции ги исцрпуваат останатите капацитети на мозокот.

Експерименталниот психолог Станислас Дехаен пак вели дека луѓето се раѓаат со одредена интуитивна смисла за броеви. Меѓутоа, останува мистерија како се создава врската помеѓу таа вродена смисла за бројки и повисоки математички функции.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот