Можностите на човечкото око

0

Еден од најкомплексните органи на човечкото тело е окото кое продолжува да ги изненадува и научниците со новите откритија за него. Многу факти се непознати за пошироката јавност, кои стручните лица решија да ги споделат. Дали знаете дека без разлика на вревата која ја прави бебето додека плаче, тоа сепак нема солзи? Причината режи во неможноста окото да произведе солзи во таа фаза од развојот која трае од 4 до 13 недела.

Двете очи имаа слепа точка на задниот дел на ретината каде се врзани оптичките нерви. Тоа не забележително бидејќи двете очи напоредно работата за човекот да не почувствува празнина во видот.

Сите луѓе во светот кои имаат сини очи имаат заеднички предок: првата личност која имала сини очи живеела пред приближно 6000 до 10000 години. До тогаш, сите имале кафени очи.

Ако на пример носите очила кои би ги превртувале сликите кои ги гледате наопаку, мозокот после некое време сам ќе го корегира видот и сликата ќе се исправи.

Маскарата создава најмногу проблеми и повреди од сите козметички производи.

Мускулите на окото се најбрзите и најсилните мускули на телото: тие за 100 пати помоќни од потребното.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот