Можна ли е доживотна љубов?

0

Многумина со песимизам гледаат на долготрајните љубовни врски, но, погледнете во вашата околина… Дали ги гледате вашите родители кои се барем 40 години во брак? Или вашите баби и дедовци кои се заедно со децении? Дури и науката тврди дека работите не се толку црни….

Сепак, во време кога разводите се нормална и зачестена појава, сѐ помалку постои верба во доживотна романтична љубов. Дали станавме премногу цинични? Очигледно дека да, бидејќи сѐ е поголем бројот на луѓето што ја губат вербата во моногамијата и во доживотната љубов.

За среќа, постојат луѓе кои успеваат да ја одржат романтиката во бракот долг низ години. Ах, кога би можеле да знаеме во што се крие нивната тајна!

Психолозите велат дека постојат неколку причини поради кои нивната љубов живее долго, и тие се дури и научно докажани.

Некои двојки можат да бидат со децении во брак и сѐ уште да се вљубени. Навистина, погледнете ги понекогаш своите родители, онака, од страна, кога мислат дека никој не ги гледа. Како се однесуваат еден кон друг? Тие се најсилниот доказ за тоа дека љубовта може да опстои.

Според научниците, долгогодишната интензивна вљубеност делува позитивно и на психичкото и на физичкото здравје на човекот, Затоа вреди да се пронајде начинот како да ја задржите во својот живот.

Некои луѓе гледаат на долготрајната, страсна љубов како на главна цел бидејќи со тоа ги поврзуваат чувствата на сигурност, мир и среќа, а се намалуваат анксиозноста и стресот, па самиот мозок бара начини да ја одржи страсната љубов во текот на целиот живот.

Љубовната заслепеност може долго да трае. И тоа не е нешто „опасно“, како што сакаат да кажат некои луѓе. Ако личноста покрај себе ја гледате како совршена, поверојатно е дека со неа ќе останете подолго. Повеќе истражувања покажале дека љубовната заслепеност овозможува поголема толеранција во врската, но и подобра поврзаност на партнерите.

И колку и да е една врска убава, ако стане монотона, тоа може да ја уништи среќата. Обидете се да ја избегнете здодевноста. По секоја цена. Учете заедно. Пробувајте нови нешта. Ако заедно правите нови и интересни работи во животот, станувате поблиски.

Но, во целиот тој живот во двојка и правење сè заедно, важно е да ја задржите својата независност. Бидете самостојни. Консултирајте се со партнерот, но не барајте потврда од него за сè. Ако станете зависни, со текот на времето тоа може само да доведе до непријателство, нервози и караници.

Бидете свои, задржете одреден степен на независност и уживајте во вечната љубов, бидејќи таа е возможна.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот