Можете ли да бидете со човек кој не ве засмева

0

Ден без насмевка е залудно потрошен ден, реченица на Чарли Чаплин со која начелно сите се согласуваат.

Се чини дека постојат луѓе кои се во емотивна врска и заборавиле да се смеат. Можеби на местото на брчките некогаш постоела насмевка но сега веќе не. Ако некоја личност успевала да ве засмева на почетокот на врската, тогаш која е причината за промената и дали воопшто треба да бидете во таков однос.

Штом ја снемало смеата многу е веројатно дека и разговорот меѓу нив го нема одамна. Која причината за таа состојба и како да се промени? Многу едноставно – со разговор. Седнете со партнерот и пробајте да разговарате за проблемите каде и кога настанале, зошто настанале ,разменете мислења за состојбата.

Сигурно целата оваа ситуација нема да оди по филмско сценарио. Многу е веројатно дека ќе има викање, караници и плачење. Сигурно нема да разговарате некое време потоа, ама барем сега ќе знаете зошто.

Проблемот е половина решен ако го знаете изворот. Штом помине времето на лутење време е за нова рунда преговори кои има надеж да ја вратат смеата во врската. Штом го средивте тоа имате шанса уште еднаш да ја преиспитате вашата врска и да бидете сигурни дека смислата за хумор се уште постои.

Прашавме двајца луѓе во брак што мислат на темава, тие ни одговорија:

– Јас сум во брак четири години, имам дете со сопругата, како и секој брачен пар имаме подеми и падови ама имате и иста смисла за хумор. Па не оди да си со некој, а да не се смееш – вели Сашо(36) Тетово.

– Не сум со некој ако не може да ме насмее. Трагично е да седиш со некого и да умираш од досада, а да не знаеш зошто – рече Слаѓана(43), Скопје.

Можете ли да замислите остатокот од животот да го поминете во досада? Не! Ако не постои смисла за хумор не постои ниту врска.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.