Можеш да бидеш креативен кога ќе ти го скршат срцето?!

0

Заљубувањето е една од најубавите работи кои може да се случат. Тоа е период од животот кога се е розово и убаво, кога пеперутките летаат и во зима. Секој поминат ден со љубовта на вашиот живот додава нова животна магија.

Но, животот не е бајка, знаете? Еден ден ќе мора да ги извадите розовите очила, можеби нема да биде по ваша волја, но ќе се случи. И што тогаш?

Срцето ви е скршено на две, не знаете како и дали некогаш ќе го имате вашиот среќен крај. Нематежелба да станете од кревет, а камо ли да се посветите на останатиот свет , посебно на работата.

Чувствувате дека немате енергија за креативност и нови сили. Но, животот мора да оди понатаму.

Пробајте да го најдете внатрешниот мир и соочете со емоциите како возрасна личност.

Поминувајте повеќе време надвор, отколку затворени во соба. Читајте книги и имајте активности кои ќе ве вратат во форма.

Разбудете ја креативноста во себе со некој курс каде ќе се забавувате.

Запознавајте луѓе и учете многу нови работи. Фокусот нека биде на вас, не на другите.

На крај, креативноста која ви недостига ќе се појави кога најмалку ќе очекувате, како сите убави работи во животот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот