“Moscow Mule”- парфем инспириран од познатиот коктел

0

Мирис инспириран од познатиот коктел “Moscow Mule”
Овој познат коктел се прави со вотка, ѓумбир, сок од лимета, украсен со слатка нота од мента, парчиња од лимета и ситни парчиња мраз.
Традиционално, се сервира во бакарен сад.


Постојат многу приказни околу овој коктел. Накратко, Moscow Mule за првпат се појавил во САД во 40тите години од 20ти век, со цел да промовира поголема количина на вотка и пиво од ѓумбир. Повторно станува популарен во 2007 година, со многу слична приказна…

Пијалокот го добива името според американскиот став дека вотката е класичен руски пијалок, а интензивниот вкус на ѓумбир довел до тоа Mule (мазга) да биде смешниот дел од називот на коктелот.