„Морфеј“ алтернативен рок бенд

0

„Морфеј“ е дуо од Куманово, што го сочинуваат Небојша Тодоровски (гитара и вокал) и Дарио Циевски (тапани).

Постојат година дена и за тој период успеаја да направат албум и да го снимат во студиото на ЕСРА факултетот. Албумот се вика „Огледало“ го снимаше Горан Стојчевски и истиот може да се чуе на Youtube и Bandcamp.

Нивниот стил на музика може да се карактеризира како алтернативен рок со доста експериментирање со ритмиката и звукот, од интензивни делови со дисторзии и комплексност, до меланхлолични моменти и атмосфери.

Со својот албум носат нешто ново на македонската алтернативна сцена и допрва ќе се појавуваат на истата.

Слушнете го нивниот албум:

Им посакуваме многу успех на македонската музичка сцена!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.