Моника Белучи има тајна состојка за убавина и нега

0

Моника Белучи е симбол на италијанската убавина. По нејзино мислење, низ годините таа многу повеќе добила на убавина, отколку што изгубила. Ќе се согласиме со неа. Таа изгледа одлично, а тајната на нејзината убавина е во маслиновото масло.

Белучи обожава црвен кармин и долги релаксирачки купки. Лицето и телото ги негува со маслиново масло кое ја прави кожата мека и се бори против првите знаци на стареење.

Нема некој посебен режим на исхрана, а задолжително користи маслиново масло во исхраната, Смета дека здравата и балансирана исхрана е важна, но не е престрога кон себе кога во прашање е хрената. Сака да плива и практикува јога.

Не сака драматични промени на косата и секогаш се труди да изгледа природно. Всушност, со години ја носи косата на ист начин, а ја негува со маслиново масло. Го избегнува фенирањето колку што е можно за да не ја оштети косата и најчесто средувањето на косата со топлински уреди го практикува само за важни настани и снимања.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот