„Мона Лиза“-неочекуваната причина за нејзината популарност

0

Пред да биде  украдена сликата „Мона Лиза“, воопшто не била познато уметничко дело во светот на уметноста. Леонардо да Винчи ја насликал помеѓу 1503 и 1517 година, но критичарите почнале да ја разгледуваат како ремек дело дури во периодот на ренесансата во 1860 година. Во прво време таа била обична слика на уметник.

На 21 август 1911 година, италијанскиот крадец по име Vincenzo Peruggia, со двајцата свои браќа едноставно го напуштиле музејот Лувр со сликата скриена под капутот на Peruggia. Тој сликата ја чувал повеќе од две години, а бил уапсен кога се обидел да ја продаде на некој трговец во Фиренца. Ова претставува најголемата кражба на 20-тиот век.
Интересен е фактот што никој од вработените во музејот на Лувр не забележал дека сликата недостасува. Тоа го забележал уметникот Louis Beroud чија задача било да ја наслика галеријата на музејот. Тогаш сфатил дека една слика недостасува.

Во тоа време се работело на проект кои вклучувал фотографирање на сите уметнички дела, истите требало да се однесат во просторија која се наоѓала на кровот на музејот бидејќи светлото било најпогодно за работа на фотографиите. Во тој момент Beroud побарал дозвола од еден чувар да се качи на кровот за да се увери дека Мона Лиза е таму, бидејќи ја немало во галеријата.

Како што поминувале деновите без никаков напредок во истрагата, љубителите на уметноста и новинарите постојано ја обвинувале полицијата нарекувајќи ја неспособна.
Поради големиот притисок под кој се нашла полицијата во еден момент дури и познатиот уметник Pablo Piccaso бил приведен за кражбата, но за кратко време бил ослободен.
Со потврдување на исчезнатата слика од страна на музејот, „Мона Лиза“ се наоѓа на сите насловни страници ширум светот. New York Times кражбата ја нарекува национален скандал. Француските медиуми вината ја фрлиле на американските милионери додека пак некои тврдења ја замешале и Германија.
Но, и покрај сè, никој од нив не можел да го сфати мотивот кој се криел зад украдената слика. Во една прилика помошникот на кустосот изјавил: „За мене е несфатливо зошто е украдена сликата бидејќи таа во рацете на обичен човек е безвредна“.
Откако по 7 дена Лувр повторно се отворил за посетители, огромна топла на луѓе секојдневно стоеле пред празното место на сликата. Тоа станало вистински срам за Париз.

Кражбата на Мона Лиза

Вушност Vincenzo бил воедно и мајсторот кој го инсталирал стаклото за заштита на Мона Лиза.
Крадците, односно тројцата браќа, Vincenzo, Michele и нивниот водич Vincenzo Peruggia пристигнале еден ден порано и се сокриле во складиштето на галеријата кое било полно со слики од периодот на ренесансата. Следниот ден влегле во галеријата и ја симнале сликата од ѕидот тргајќи ја стаклената заштита и кршејќи го оквирот. Vincenzo Peruggia ја ставил сликата под капутот и едноставно и лесно го напуштиле музејот излегувајќи од споредниот излез. Музеј со преку 1000 простории и соби чуван од само 150 чувари.
Неколку месеци пред оваа кражба музeјот добива анонимна закана дека Мона Лиза ќе биде уништена. Главните на музејот веднаш нашле компанија што ќе постави стаклена заштита на сликата. Таа заштита ја изработил Vincenzo Peruggia.

Тој веќе два пати пред оваа кражба бил уапсен во Париз, првиот пат обидувајќи се да ограби проститутка, а вториот вадејќи пиштол додека се борел во некоја улична расправија. Кога се појавил на суд во 1914 година поради кражбата на Мона Лиза го нарекуваат обичен молер на што тој бурно реагира велејќи дека тој е уметник.

По кражбата Peruggia ја крие сликата под лажниот под во станот во Париз а кога полицијата доаѓа да провери сметајќи го за обичен работник во музејот, во ниеден момент не се сомнева во неговиот одговор.

Пронаоѓањето на Мона Лиза

28 месеци по кражбата на сликата од Лувер, Peruggia конечно решава да ја продаде на еден трговец, уметник во Фиренца. Но, купецот се посомневал и го повикал шефот на италијанската галерија да ја погледне сликата. Печатот на задната страна на сликата ја потврдил нејзината автентичност. Тие му рекле дека може да ја остави сликата во галеријата и дека за тоа ќе добие награда. Наместо награда половина час откако тој пристигнал дома полицијата се нашла пред неговата врата.
Тој на полицијата и кажал дека ништо лошо не сакал да направи освен да ја врати сликата онаму каде што припаѓа, во својата родена земја, Италија.

Peruggia бил осуден на 15 години затворска казна, а сликата билa веднаш вратена во музејот на Лувр.
Од овој момент „Мона Лиза“ не била само една од многуте слики кои биле во музејот, таа станала едно од најпознатите уметнички дела ширум светот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот