Moментот кога знаев дека е време да раскинам со најдобрата пријателка

0

Ви се случила ситуација во животот кога мора да раскинете врска, но се со партнер, туку онаа потешката варијанта – со најдобар пријател кој е дел од вас, од вашиот живот, кој практично е семејство?

Ова е една од најтешките разделби, а ако не сте ја почувствувале тогаш сте среќни луѓе.

Чувството дека подолг период работите не се како што треба, се обидувате да разговарате, но сите разговори завршуваат со расправија. Со време, веќе не се гледате во очи додека зборувате за неважни работи.

Сето ова е предизвикано од конкретен настан, трета личност која се вмешала…Тешко ви е, знаете дека еден ден мора да дојде крајот, но вие од страв или која било друга причина го одложувате тоа.

А потоа, навистина е крај…

Авторката на книгата „You Should Have Known“, Jean Hanff Korelitz за Хафингтон Пост го објаснува моментот кога сфатила дека е време да ја заврши врската  – и зошто.

Едвај се сеќавам за што беше расправијата, но сепак се сеќавам на ситни и неважни детали: утринско едвај изгреано сонце, слаткиот мирис на цвеќе кое не можев да го дефинирам, нечија мачка која набљудува низ прозорот од спротивната куќа… Моли и јас стоиме пред нешто кое веќе се движеше надолу – нашето пријателство.

Пријателство кое траеше 30 години, а имаше само уште неколку моменти живот.

Океј, се сеќавам за што се каравме, но сега, 8 години подоцна, конкретните работи изгледаат толку глупаво, што од страна изгледаме како две тинејџерки кои се карале за обоена пластика во собата за прва помош во училиштето.

Расправијата, всушност беше за возење, ја се плашев да го правам тоа во Сан Франциско каде Моли и јас бевме во посета. Се каравме за фактот што јас немав изнјамено автомобил на аеродромот како нормлана личност, а сега Моли ќе мора да ме вози секаде каде што сакав да одам(што не беше проблем), но ќе требаше да ме вози некаде каде што морав да одам, а таа не сакаше и тогаш настануваше проблемот.

Во еден момент, сфатив дека јас всушност не зборував , туку само стоев и слушав како таа критикува и се расправа. Сфатив дека тоа сум го слушала многу долго и многу често и претходно.

Многу пати сме се карале за различни работи и не сме зборувале извесен период, но едноставно се сакавме премногу за да дозволиме да не разделат такви работи.

Сфатив дека веќе плачам додека го размислувам ова бидејќи знаев дека никогаш повторно нема да разговараме. Ниту по една недела, ниту по еден месец, ниту по една година. Тука, сега на оваа улица во Сан Франциско, јас се предадов. Конечно.

Тешки се овие моменти кога станувате свесни за моментот кој ви ја одредува иднината, одлука која сте ја донеле вие со полна одговорност.

Сите ние имаме пријатели со кои сме раскинале некогаш со тешко срце, на кои се сеќаваме со насмевка на лицето за убавите моменти поминати заедно, но без трошка каење – бидејќи тоа било непоколеблива одлука.

Овој текст нека биде за сите поранешни пријатели, за едно убаво време кое нема никогаш да се врати, но кое ни одржало животна лекција.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

 

Остави коментар