Моментите кои живот вредат

0

Иако животот го мериме во години, одредени моменти низ годините се оние кои му даваат смисла на живеењето. Постојат моменти кои се случуваат само еднаш, единствени се, ни ја насмевнуваат душата, нè оставаат без зборови, ги паметиме долго и не можат да се купат со ниту едни банкноти…

Моментот кога сфаќаме дека сме вљубени, па црвенееме без посебна причина, телото ни е растреперено, ни се потат дланките пред секоја нова средба со саканато лице…

Моментот кога се будите од најстрашниот кошмар во животот и сфаќате дека сте дома, во вашиот удобен кревет.

Моментот кога го набљудувате зајдисонцето од брегот на некоја плажа и имате чуство дека времето застанало и ништо не е важно во тој момент…

Моментот кога ќе го кажате „судбоносното да“.

Оној момент кога ви соопштуваат дека сте го добиле долгопосакуваното работно место.

Моментот кога гиу добивате резултатите од лабароторија и на нив нема никаков знак на болест, па сите сомнежи ги фрлате во ѓубре.

Оној момент кога за првпат, ќе го слушнете плачот на вашето новороденче. Тој звук секогаш ќе ви биде во главата…

Моментот кога вашето малечко ќе ви ги направи првите чекори или ќе ги изусти првите зборови…

momenti-koi-zivot-znacat

Оној бесценет момент кога сфаќате дека вашето дете ќе има брат или сестра.

Моментот кога сфаќате дека вашите деца израснале во здрави и зрели личности.

И оној момент кога сфаќате дека наскоро ќе имате внуче, две мали рачиња кои ќе знаат да гушкаат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот