Моментите кои се чуваат…

0

Чувајте го оние моменти кога мислите дека светот го имате во дланките. Оние моменти кога не знаете што попрво да направите од толку радост. Оние моменти кога се прашувате дали срцето може да пукне од толку радост исто како што може да пукне од многу помала количина на тага и очај.

Тие се моментите кои не прават живи и полетни, без разлика на тоа што ни се тресат колената од возбуда…

Моментот кога ќе ја здогледате вашата сродна душа, знаете дека таа е вистинската и ќе го направите дури и невозможното за да ја задржите. Моментот кога таа душа станува ваш пријател, љубовник, најголема поддршка, остварување на сонот за кој сте долго, стуткани во студената постела.

Моментот кога тој, за вас, најсовршениот човек на светот ќе ве прегрне и ќе ви шепне дека од утре сè ќе биде во ред… Моментот кога тивко ќе се прилепи за вас, доцна во ноќта, неспособен да ја скрие страста која го прави толку шармантен во вашите очи.

Чувајте го оној момент кога ќе ве погледне со очи на невино и искрено суштество и ќе ви признае дека единствениот Космос кој го знае сте Вие.

Чувајте ги таквите моменти. Негувајте ги. Сеќавајте се на нив секоја секунда кога се прашувате дали сте на вистинското пат. Најдете им некое скришно место во вашето срце и оставете ги да растат. Поливајте ги со насмевки, со возвраќање на највозвишените емоции и со сета сила што ја имате во вашите клетки.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот