„Момент“- изложба што ќе го отвори Прилепското културно лето

0

Во галеријата на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска со почеток во 19:30 часот ќе се отвори изложбата „Момент“ од вајарот Емил Солески од Прилеп.
Уметникот ќе се претстави со осум дела изработени од камен.

Со отварање на изложбата ЦК „Марко Цепенков“ ја започнува годинешната манифестација „Прилепско културно лето“на која до крајот на август ќе се одржат бројни манифестации и настани- концерти (на хорот Злата Мегленска, на харфа на Мерсиха Шукри, на Арт либитум трио, на групата Баклава, на Фан проџект, на Бобан Мирровски…) изложби, интернационалната ликовна колонија Дрен, манифестацијата Изворен фолклор на балканските народи и др.

momenti (1)
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот