Момци, како брзо да се спакувате за викенд

0

Одлучивте да се одморите од бројните работни обврски и да одите на викенд патување…
Се работи само за викенд и поради тоа би требало да водите сметка што се ќе понесете со вас, а тоа да не е претерано.
Сепак, потребни ви се неколку работи кои ќе ви бидат неопходни.

Покрај основните парчиња облека како, фармерки, кошула, маица и слично, дали ги спакувавте и следниве работи:

Несесер со препарати за лична хигиена
Кога одите на кратко патување најдобро е да носите несесер со препарати во мали пакувања. На тој начин ќе заштедите простор, а од друга пак старна ќе може да спакувате се што ви е потребно.

Лесни и удобни комбинации
Патувањата за време на летните денови секогаш бараат доза на комфорт и лежерност во гардеробата- класичен модел на патики кои одговараат на сите комбинации е доволно за 3 дена. Задолжително понесете си летна тенка јакна поради свежите летни ноќи.

Асесоари
Без разлика дали сакате да изгледате едноставно во начинот на облекување, деталите се важен сегмент од машкиот стил. Кавалитетен часовник или добар летен шешир се асесоари кои треба да се најдат во секоја машка торба.

Гаџети
Во времето на модерната технологија секако дека не може да заминете на пат без телефон или пак полнач за истиот. Сега тука е и selfie стапчето, Gopro камерата и сл.

На крај, ако сакате сè да ви собере во торбата одберете гардероба кој е лесна за комбинирање за да не треба за секоја комбинација да понесете и различен пар на чевли.

Сега сте подготвени за викендот што следи! Уживајте.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар