Моќта на рускиот балет – уметност од која запира здивот

0

Зборот балет навистина звучи волшебно. Затворајќи ги очите, веднаш во мислите си претставуваш огнови коишто горат, избрана музика, лесниот тропот на балерините и воздушниот допир на врвовите на прстите во балетанките на подот. Таа слика е нереално убава и може со сигурност да се нарече големо достигнување на човекот во неговите стремежи кон прекрасното.

Гледачите го запираат здивот, сите погледи се насочени кон сцената. Балетните диви ве поразуваат со својата леснотија и еластичност.

Историјата на овој вид уметност е доволно долга. Првите знаци на појавата балетот буле забележани уште во 16 век, а веќе кон крајот на 19-от век луѓето беа во можност да ги видат вистинските шедеври на оваа уметност.

А првата асоцијација на балет ви е Русија и славната Маја Плисецкаја, нејзиниот танц во улогата на Одет во Лебедовото Езеро која влезе во аналите на светската балетска уметност. А еден од најважните датуми во рускиот балет е имено 1738 година, кога благодарение на на предлогот на францускиот танцмајстор Жан Батист Ланде и одлуката на Петар I, во Санкт Петербург била отворена првата школа за балет во Русија. Таа постои до ден денес и се смета за најдобра и најпрестижна, а прерасна во академијата „Агрипина Ваганова“.

Оваа професија се смета за една од најтешките и со најголема опасност од повреди, и може дури и одлично тренирана балерина да ја претвори во беспомошен инвалид. Кога ги гледате стројните, нежно градени балерини, кои би се рекло, со леснотија прават пируети или скокови од кои ќе ви се заврти во главата, тешко е да поверувате дека за време на вежбањето тие се принудени да си ги „убиваат“ нозете дури до облевање со крв и да танцуваат понекогаш игнорирајќи ја страшната болка.

Десетлетија наназад, дури и кога се многу уморни, балерините не ни помислуваат да го признаат тоа. Тие сакаат да изгледаат како секогаш да се подготвени за истегнување и грациозно движење додека вежбаат во салата.

Една од ученичките на Московската академија за кореографија вели: “за да танцувате, мора да имате многу силен карактер, за да не се спружите на подот и очајно да заплачете од беспомошност. Мора да трпите се, да преминете преку болката, преку сè друго и одново и одново да вежбате и да вежбате”!

Во оваа академија секоја година се примаат најдобрите 40 балерини, до диплома успеваат да стигнат 20, а, пак, од нив, ретко која ќе стане примабалерина. Тоа е суровата реалност.

И на прсти се бројат оние што ќе добијат шанса да играат во великиот Бољшој театар. Дури и да имате диплома од најпрестижните балетски установи, секако прво ќе танцувате во придружба. Ако имате среќа, ќе стигнете до некоја минорна улога од 30 секунди, и дури потоа, доаѓаат поглавните улоги, и повторно ако се изборите, ако имате среќа, и пред сè, ако не се повредите. Тоа е трнлив пат што го поминува секоја балерина во Бољшој во просек од 7-11 години.

Но, сите балерини велат дека тоа е нивната мечта уште од неколкугодишни девојчиња, кога обично почнуваат со балетот. И кога ќе влезеш во Бољшој, ти се чини дека твојата мечта конечно станала реалност.

15241948_10211838443704368_8504197751038385772_n

Во московските болници постојано има по десеттина повредени балетани и балерини. Главната задача на лекарите не е само да постават дијагноза, туку и танчерите да ги вратат на сцена, што понекогаш е долг период. Но, девојчињата вљубени во балетот не се плашат од повреди. Тие танцуваат и по четири часа дневно. Следниот ден не си ги чувствуваат нозете и дури болно им е да стануваат. По мала масажа на палците, можат да се движат нормално и повторно да вежбаат истиот тој ден уште неколку часа и така постојано.

Балерините секогаш носат со себе игли и конци, за да ги пришиваат лентите на пунатите(балетанките). И долги, долги години се откажуваат од сите други задоволства, од кои на прво место е храната. Нивната исхрана е строго контролирана од нутриционисти и зависи од тежината на вежбите, од тоа дали дента балерината одмора, дали вечерта има претстава, која е нејзината улога, но, едно е сигурно. Нема слатки, нема пржено, сосови, сувомеснато, „џанк фуд“ е смртен грев, бел леб ниту во лудило, дозволени се бело месо, варен зеленчук, супи и чорби, салати, по некој кекс….

15134664_10211838443624366_2832576784680117400_n

Прекумерната тежина е главниот непријател на балерината. Можат да ве отпуштат од балетската група не само ако не ве бидува, туку и поради тежината.

Лесно е дете од 5-6 години да биде слабо, но, како ќе се развива нејзината конструкција во пубертет, никој не може да предвиди. Ако е премногу крупна, или превисока, ако има преголеми гради или задник, предолги нозе…. тука е крајот на сите соништа. Постојат приватни балетски училишта во кои овие „пораснати“ девојчиња можат да учат и танцуваат класичен балет, но, ниту едно од нив не се смета за сериозно и обично таму децата се насочуваат кон други видови танц.

15179007_10211838443584365_4713078303476995651_n

Голем дел од балерините кои се школуваат во престижните балетски академии во Русија не се воопшто Русински, доаѓаат од Италија, Франција, Германија, Кина…..тие со месеци не си ги гледаат родителите, иако се желни да си го видат домот, но, ниту една од нив не помислува да се врати. Желбата за усовршување на балет-мајсторството е преголема.

Сите овие маки се забораваат кога доаѓа претставата пред публика. „Кога излегуваш на сцена, те обвиткува неверојатна енергија. Тука се и оркестарот, и гледачите, и партнерот, шминката, костимите кои те преобразуваат…..и тие никогаш не знаеш што те чека во текот на претставата, тоа е магија на чистата вода. Но, едно е јасно, за да добиете одличен реузултат на сцената, морате во текот на вежбите да се оддавате целосно“, велат балерините.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.