Моќта на Mr. Burberry

0

Новата кампања за Mr. Burberry која ја снимаше оскаровецот Стив Меквин во моментов е најактуелното случување на светско ниво. Интересен факт е дека ова е прва негова ангажираност во ваков вид кампања, а во неа главни улоги имаат британскиот актер и музичар Џош Вајтхаус и актерката и модел Амбер Андерсон.

Намерата на режисерот беше да го овековечи сензуалниот момент помеѓу двајца љубовници на интимен, но и епски начин.

12321346_10209712228630320_7030512078003950909_n

Насловната тема на видеото која целосно ве внесува во приказната I Won’t Complain. Ја изработи британскиот пејач Бенџамин Клементине.

Инаку, шишето на парфемот е инспирирано од црниот trench капут Burberry и неговите карактеристични детали во дизајнот.

12931003_10209712228670321_3746689316722909183_n

Сензуален и елегантен, Mr.Burberry започнува со мирисна нота на грејпфрут чие освежување се чувствува веднаш.

Средната нота на бреза, масло од мускатно оревче и кедрово дрво создава класична структура која го надополнува ефектот на современа креација.

Горната нота на дива трева, vetiver дрво и сандалово дрво ја нагласуваат привлечноста.

Моќен привлечен, сензуален мирис за вистински господин – Mr. Burberry!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот