Моќната Шар Планина – убавина која никогаш нема да ја заборавите

0

…Тетовци отсекогаш ја вртеле главата кон Шар Планина која, кога ќе се разбудат наутро неминовно ќе ја погледнат и чија разнолика убавина и големина им ја полни душата, ги потсетува колку е убав животот и ги прави горди што се покрај неа и со неа…

Бранислав Светозаревиќ

Шар Планина е еден од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија. Сместена е во северозападниот дел на земјата, на границите со Косово и Албанија.

Најпознати врвови на Шара се: Титов Врв (2748 м), Мал Турчин (2702 м), Бакрдан (2700 м), Љуботен (2499 м), Ливадица (2491 м), Пирибег (2524 м), Езерца (2604 м), Чаушица (2640 м), Бистрица (2540 м), Црн Врв (2580 м), Вртоп (2555 м), Кобилица (2526 м) и др.

0022 (2)

За тоа каква е Шара, најубаво опишува Душан Кривокапиќ во своето дело ‘‘Шар Планина – туристичко-географски приказ на пределот и народот’’,

„..Кога подлабоко ќе се навлезе во Шара, се чуствува дека тоа е грандиозен сплет на опорито високо планински дивини и благи средногорски питомини во ист момент, дека е дивина која и на најискусниот планинар му ги наметнува своите закони натерувајќи промислено да ги одмерува своите чекори и дека е питомина која и на малото дете му допушта до бескрај да го искаже своето расположение како да е на некое гратско излетиште. Таква е Шар Планина…“

Топонимот  Шар Планина потекнува од од 1840 година кога во пишаните документи покрај имињата “Скардус”, “Монте Аргентаро” се појавуваат и домашни и турски имиња: “Шар”, “Шара Планина”, “Шарта”, “Шарлаг” и “Чардаг”. Според истражувањата на повеќе автори името “Шар”  потекнува од името “Скард”, односно латинскиот збор “Скардус”.

0022 (6)

На  Шар Планина има постојат повеќе од триесет езера, наречени планински очи. Дури 25 од нив се постојани. Останатите имаат карактер на повремени, зашто иако во некои годишни времиња се полнат, во подоцниот летен период пресушуваат. Речиси сите се наоѓаат на надморска височина поголема од 1.900 метри. Шара може да се пофали и со 100 поголеми извори и оваа планина е извориште на 25 поголеми планински реки. На Шара исто така има 44 видови на дивеч, преку 200 видови на птици и 147 видови на пеперуги со што таа е и најбогатото планинско подрачје во Европа со флора и фауна.

0022 (3)

Просечната годишна температура во подножјето на Шар Планина се движи помеѓу 10,5 и 11°C. Климата на Попова Шапка (1750 м.н.в.) се одликува со ниска просечна температура од 4,6°C. Попова Шапка се одликува со обилни врнежи. Просечно паѓаат околу 1100 мм, но во некои години ова количество изнесува и над 1500 мм. Постојана снежна покривка се јавува од декември до март. Максималната височина на снежната покривка изнесува 160 цм, а на повисоките терени и до 200 цм.

0022 (4)

Без разлика дали потекнувате од околината на Шара, од некој друг дел на Македонија или друга земја, Шара мора да ја посетите. Во пролет, кога природата се буди, во лето кога сонцето црта слики низ дрвјата, во есен кога пред вашите очи ќе се распостелат сите бои, во зима кога снегот ќе ве разнежни и истовремено охрабри за зимски спортови. Додека ја живеете идиличната убавина на Шара, застанете во едно од местата на кои ќе посакате да се вратите, застанете во SNOW PATROL Lodge, раскажете си со пријателите за спомените од Попова Шапка кои ги носите со себе.

0022 (5) 0022 (1) 0022 (7)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.