Мојот прв Валентин…

0

Се сеќавате на вашиот прв Валентин?

Размислувајќи за годините кога сме биле тинејџери, ми навреа убави спомени. Веројатно тоа е е периодот кога најмногу се возбудуваме околу празникот на заљубените, кои со текот на времето си го присвоивме. И знаете што:

Нема ништо лошо во тоа да се слави љубовта, макар и секој ден во неделата биде Валентин, нема ништо лошо во тоа.

Во периодот кога станувавме млади луѓе, кога за прв пат во животот бакнувавме момче, Св. Валентин беше најочекуван, посебно ако првото момче се случеше околу Нова Година.

Две недели пред 14-ти, почнуваше потрагата по подарок за него, за првата голема љубов и дилемата што е најсоодветно да се купи.. Дали е тоа плишана играчка, дали да се купи облека за носење, козметика и слично.

Па се алармираат другарките и сите групно после часови одиме по продавниците да најдеме соодветен подарок.Трудот вродува со плод после напорната и исрцпувачка мисија наречена „подарок“.Најден е совршениот!

Многу беше важно во тие моменти да се обрне внимание на фактот дека се уште не сме си кажале „те сакам“, па во тој случај ни подарокот не треба да го каже тоа во твое име.

Ок, откако тоа е решено, одиме во нова мисија во која треба да најдеме картичка и најдеме некоја паметна мисла која ќе му остави трага во сеќавањето и со потајна желба тој прв да каже „те сакам“, оти во тој период е многу важно за егото ако тој изјави љубов прв. Се купува честитка, се потпишува и подготвени сме за Денот на заљубените.

Доаѓа долгоочекуваниот ден, другарките доаѓаат дома, помагаат во подготвувањето, што да се облече, соодветна шминка, чевли и сè што треба за изгледот да биде совршен. Се наоѓаме со момчето и одиме на пијачка  затоа вечерта сè ни е дозволено. Се гледаме во очи слушајќи романтична музика, се бакнуваме срамежливо, се држиме за раце и не постои никој друг на светот освен ние. Создаваме спомени кои ќе ги носиме во сеќавањето засекогаш. Не знаеме дали таа моментална љубов ќе трае или ќе заврши следниот ден, но знаеме дека чувството е вистинско. И тоа е моментот кога првпат во животот го слушаме зборот „те сакам“… срцето потскокнува од радост, од убавина и несвесно, но искрено следи „те сакам и ја тебе“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар