Мојот поранешен ме тужеше – и ја доби тужбата!

0

Освен сметки и каталози, ретко добивам меилови. Затоа, бев пријатно изненадена кога пред неколку месеци добив писмо кое изгледаше официјално. За тие неколку секунди додека го отворав, се надевав дека станува збор за нешто добро. Но, не – немаше ништо добро.

Писмото беше од Граѓанскиот суд во Њујорк. Мојот поранешен дечко, Тод, ме тужеше.

Неколку месеци пред ова писмо тој ми испрати меил кој го игнорирав, каде бараше да му ги надоместам парите кои ги потрошил на одмор во Индија. Сакаше повеќе од 900 долари, што ме наведе да мислам дека станува збор за билети, за хотел, за спа центри, како и други помали трошоци. Освен што помислив дека е за жалење ваквата постапка, ми изгледаше многу нефер.

За време на патувањето, нашата заедничка подготвеност да ја платиме сметката, или едниот или другиот, ми изгледаше како гест кој ќе го направи здрава двојка. Јас платив половина за трошоците како авионски карти, оброци, храна, такси и пијалаци, со претпоставка дека ако тој ја палти вечерата. Јас ќе го платам киното и слично. Очигледно, тоа беше грешка.

Проблемот со патувањето не беше фактот дека е скапо, туку фактот дека беше вистински кошмар. Поминавме две недели на велосипеди изложени на сонце, викајќи по хотелски лобиа и расправајќи се помеѓу странци. Иронично, една од најлошите расправии беше пред статуата на Буда.

Кога решивме да одиме во Индија, во врска бевме само неколку месеци. Тод постојано ме бараше да излеземе, но јас го одбивав заради тоа што моите пријатели ме предупредија за неговата репутација – беше познат по тоа што изневерува. Се согласив на еден состанок затоа што неговата упорност ме победи и заради тоа што ми се смачи да бидам сингл. После неколку убави излегувања во ресторани и кино, јас го поканив на патување на кое оригинално планирав да одам сама. Идејата да одиме заедно ми се чинеше како нешто забавно кое може да ми каже дали имаме иднина заедно.

Почекав додека се вратиме дома за да ја завршам врската, бидејќи не сакав да имам емотивни пресврти некаде во Индија. Дента кога раскинавме, тој ме молеше два часа да се премислам. Кога кончено сфати дека молбите нема да му бидат прифатени, беше многу вознемирен, но не мислев дека ќе ме натера да му платам за разочарувањето.

Затоа, се јавив на бројот кој беше оставен на задната страна на писмото.

„Само што примив писмо во кое пишува дека мојот поранешен дечко ме тужи за повеќе од 900 долари, но ова е прв пат да добијам официјално известување“.

„Бидејќи не бевте присутни на датумот кој беше определен од судот, пресудата беше во корист на тужителот“ – ми рекоа од другата страна додека ја џвакаа храната.

„Молам? Јас никогаш не добив покана за суд “.

„Вам ви беше испратена покана за суд. Ако не сте ја примиле, можете да се жалите и случајот да биде повторно отворен“ –ми рекоа.

„Но, тоа е лудо. Можете ли да тужите само заради тоа што некој не ве сака? Тоа се случува овде.“

„Можете да ја платите штетата или да се жалите и да биде повторно отворен случајот. Тие ви се опциите г-ѓо“ –ми вратија од другата страна.

Го спуштив телефонот и му се јавив на мојот пријател Крис, му расакжав сè, а тој се понуди да отиде до кај него со пријателите и да „разговараат“ накратко.

Иако, идејата некој да го истепа Тод ми се чинеше како добра во тој момент, немаше да го реши проблемот. Тој беше човек од 42 години со пристојна работа и убав стан. Тој не ги сакаше моите пари, тој сакаше да ме казни.

Додека седев до телефонот и размислував, неговата логика ми стана јасна. Ако не можеше да ме натера да го сакам, сакаше да ја искористи и онаа малку моќ која му остана за да ме натера да го слушнам, да го видам и да ја имаме нашата последна расправија.

Затоа, станав, ја земав мојата чековна книшка и напишав сума од 900 долари. Се чинеше како добар крај на нашиот однос, затоа решив на тоој начин да ставам крај.

Извор: marieclaire.com

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.