Мојата најдобра пријателка e…

0

Кој го дефинира пријателството, како се случува, зошто се случува, од каде баш ти и јас станаваме пријатели кога сме толку различни…Многу прашања, а одговорите не се важни кога станува збор за искрено и доверлив однос.

Сигурно со вашиот најдобар пријател е тој кој ги знае и најтемните тајни, знае за вашите големи подвизи во животот, но и за вашите неуспешни приказни. Знае кога сте биле нечовечни и кога сте постапиле лошо во некоја ситуација, Тоа е личноста која ве вратила на вистинскиот пат кога сте биле изгубени, која плачела заедно со вас во моменти на најголема тага, но во моменти на најголема радост. Личноста со која сте излегувале и лудо сте се забавувале, со која сте ги имале првите искуства со алкохол, сте имале туристички авантури на кои и денес се навраќате.

Поддршката во секој ситуација сте ја имале дури и кога не сте ја побарале. Другар кој по гласот на телефон може да ве познае дека не сте расположени, но и кога имате да споделите нешто важно и возбудливо.

Тоа е личноста која ве чувствува иако не сте заедно и не сте се виделе подолг период. Таа личност ги памети и датумите кои за останатиот свет немаат важност, но за вас се важни како роденденските датуми.

Заедно сте кога растете, заедно сте кога станувате возрасни луѓе, заедно сте кога на свет доаѓаат децата… Во текот на целиот живот маршираат луѓе кои имаат поголемо или помало значење за вас, но тоа што ве држи заедно е искреноста родена од вашето пријателство.

Во животот секогаш ќе имате момчиња, девојки, сопрузи и колеги, но никогаш нема да имате повеќе личности со кои делите една душа во две тела – пријатели.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот