Мојата ќерка не е мој проект – исповед на една мајка

0

Можеби ќе кажете дека сум луда, можеби дека сум мрзлива. Може да кажете дека „глумам лудило“ со модерните воспитувања, но пред да ми судите прво прочитајте го до крај моето објаснување.

Мојата ќерка има три години и има право да бира. Може сама да одбере што сака да облече, може сама да одбере што сака да јаде (од понудените опции), може дури и да одлучи кога ќе ги изврши домашните задачи кои и се зададени.

Моето дете се открива себеси. Таа учи за светот околу себе, открива до каде се границите на нејзиниот татко, а и моите, и колку може може да ги измести.
А се тоа е почеток на градење на нејзиниот карактер. Одлуката која треба да ја донесе сама во врска со тоа што таа сака, а што не.

И нудам избор како што и јас сакам го сакам моето право на избор.

Сигурно би било поедноставно да го „скршам“ моето дете, давајќи му да јаде она што ќе му наредам или да го облечам како што јас сакам.

Полесно е така, нели? Но колку е подобро тоа за нашите деца?

Пред некој ден на мојата ќерка и дадов да се облече во облека која јас ја одбрав. По 10 минути таа излезе од собата облечена во едноделен костим за капење и шапка. Клекнав пред неа и и објаснив дека надвор е ладно и дека треба да облече топла облека, нешто што ќе и ги покрие рацете и нозете.

Се вразуми се врати во собата. По некое време излезе облечена во костимот на Елиза и ме праша: „Мама, ова има и ракави и ногавици. Добро е нели?“

Сакав да и кажам дека тој фустан од тул е неудобен и дека ќе и пречи додека ќе игра на игралишето. Но премолчев.

Наместо тоа и реков: Во право си, одлично е. Одиме!

Да не се лажеме, воопшто не ми беше лесно и воопшто не ми се допадна идејата да биде облечена како за на маскенбал, но како нејзина мајка мојата задача не е секогаш да одлучувам наместо неа. Треба да одлучувам за работите кои не го загрозуваат нејзиното здравје и безбедност, и со тоа да и дозволам да се гради самата како личност.

Всушност, ја учам само на работите кои се важни во животот, а според тоа на некои работи им придавам поголемо значење, а на некои помалку.

А што всушност е важно?

Зошто мене да ми биде важно дали мојата ќерка ќе биде убаво облечена, ако таа е среќна иако е облечена во шарен костим?

Зошто јас да одлучувам дали денес таа ќе ја носи косата пуштена, дали ќе ги собере шишките, дали ќе ја врзе косата или ќе сака плетенка? И онака онаа фризура која неа ја прави среќна мене ми е најубава.

Зошто да ја носам во парк ако таа денес сака да остане дома и да црта? Во парк можеме да одиме и утре. И дечјите желби имаат некаква вредност, зар не?

Зошто мене би ми било важно сложувалката да биде сложена како што треба? Што ако тревата е на местото на небото, а сонцето долу, зошто мене би ми било важно кога на неа така и се допаѓа?

И најпосле, зошто мене да ми е важно ако нејзините чорапи не се сложуваат една со друга и се комплетно различни? Што ако таа сака да изгледа како Елиза или Ана, или било кој друг?

Мојата ќерка не е мој проект. Таа не е никаков трофеј кој јас сум го родила за да го покажувам наоколу. И конечно, таа не е јас! Таа е своја.

Иако сум релативно нова во улогата на мајка, но она што со сигурност го знам е дека сакам да им се посветам на работите кои се навистина важни. Бидејќи моето дете расте тука покрај моите очи, а поседно нешто што сакам да ја научам е дека совршениот изглед е најважната работа на светот.

Наместо тоа, сакам да ја научам на многу поважни лекции.

Сакам таа да знае дека понекогаш е тешко да се направи вистинската работа и дека полесниот пат на крајот е секогаш потежок.

Сакам да научи да се држи до себе.

Сакам да ја научам секогаш кога ќе види дете кое се игра само, да му пријде и да биде таа која ќе го понуди своето друштво.

Важна е љубовта. Убавото воспитување.

Сакам да научи да биде истрајна и вредна. Секогаш да верува во себе и во она што го прави. Да вежба напорно за она во кое сака да биде добра без разика колку и се чини тешко.

Ќе ја научам да не дозволи светот околу неа да ја промени за да изгледа поубаво и „нормално“ во друштвото. Ќе ја научам да биде добра со себе и бескомпоромисна кога се во прашање нејзините избори.

Сакам да знае дека има се што е потребно за овој свет да го направи подобро место. И дека е една и единствена. Како и сите ние.

Да не дозволи никој да ја „задуши“ и да и го одземе она што неа ја прави посебна.

Да не дозволи никој да и ја одземе независнота, па дури ни мене.

Извор: zelenaucionica.com

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.