Моите деца не се жртви на развод !

0

Кога дојдов до заклучок дека мојот брак навистана се распаѓа, почнав да го молам мојот поранешен сопруг да се обиде повеќе заради децата. И тој навистина се обиде, даде се од себе, само поради децата.

Започна терапија за брачно советување само за заради нив. Остана со мене подолго време само поради децата. Никој од нас не направи ниту чекор за спасување на нашиот брак.
Тој исто така е дете на пропаднат брак, па сакаше да даде се од себе за да го заврши кругот до каде што стасал, да не се префли тоа и на неговите деца. И двајцата бевме исплашени дека разводот ќе влијае негативно на децата…

Кога дојдовме до точка каде повеќе немаше назад, седнав во канцеларијата на мојот терапевт и почнав да ги ронам огромни, крокодилски солзи. Му плачев на него преплашена од етикетата која ќе биде залепена за моите деца – деца на разделени родители.
Неколку месеци по разделбата со сопругот, нашето најстаро дете започна да оди во градинка. Учителката го замоли секој родител да сподели важни информации што би требало да се знаат во врска со детето, па јас и мојот поранешен споруг седнавме во дворот и почнавме да се мислиме како ќе го соопштиме нашиот пропаднат брак. И објаснивме дека понекогаш нашето дете е чувствително на таа тема и дека би требало малку повнимателно да се однесуваат кон неа.

entenderdivorcioЗа брзо време најстарата ќеркича почна да оди и во прво одделение, мојот поранешен сопруг и јас повторно се најдовме во иста ситуација. Учителот повторно побара детални инфомации за детето, моравме да објасниме дека поради тоа нашето дете е понекогаш срамежливо.
Во меѓувреме, наоколу постојано ги слушав овие коментари:
– Ох жал ми е; Дали сте во ред сега; Сигурно многу наштетило тоа на децата; Кутрите мали девојки; – а јас само ќе одговорев, Да, тоа беше тешка ситуација за нив.
Се можев да разберам, но жртви на разводот? Не!
Јас и мојот поранешен сопруг долги 2 години градевме одлични односи, посебни, само заради нашите деца. 2 години сме разведени. Изградивме убава врска и двајцата поминувајќи многу време со ќерките. 50-50, го следевме договорот.
Како би можело после тоа некој да им залепи етикета како „жртви на развод“?

Нашето прво дете сега има 8 години и е прекрасна. Добра душа, сочувствува со другите, искрена полна со прашања и неверојатно љубопитна за се наоколку. Прекрасна и одличен ученик. Нејзината баба ја вика „ Светли очи“. Таа е претседател на одделението и гордо се бори за целиот клас.

Нашето второ дете има 4 години, таа е весела и многу дружељубива со секое дете што ќе го сретне. Има виткана коса и сите во фамилијата ја сакаат поради топлината што ја шири наоколку. Ја викаме „лудо дете“ не поради немањето на контрола, туку поради тоа што живее со полна снага.

Моите деца поседуваат толку многу позитивности. Тие се вистински млади дами. Тие се сестри, ќерки, внуки, братучетки, пријателки…
Тие се интелигентни и талентирани. Добиваат целосно внимание и многу љубов од своите родители. Тие никогаш не биле „жртви на разводот“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.