Моето Боемство – Артур Рембо

0

Во џебојте со раце изѕемнати и свити,
Наметката излитена е идеалот мој,-
Се скитав Музо јас, ко верен вазал твој,
Под сводот вон со многу мечти скрити.

Со пантолоните парталави и гнасни,
Змечтаен, по патот ронев рими сал,
Ми беше крчма ѕвездениот воал,
Ѕвездите мои трепетливи и јасни.

Слушајќи покрај патот долго седев,
А примракот септемвриски со поглед што го следев,
Ме росеше по челото ко божем вино силно.

И како струни звучни в тивка вечер
На мојте чевли врвките ги влечев,
Стискајќи ги до срцето со милност.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот