Модните закони во политиката

0

Бојата која што една личност ја бира кажува многу за нејзиниот карактер. Преку облеката која ја носиме и комбинацијата на бои, ја праќаме првата порака за нас до околината.

Во 2015 година е направено истражување од страна на Абрахам Рачик во кое стои дека формалната облека ја подобрува апстрактната когнитивна карактеристика. Надополнето со соодветна боја, изгледот на личност ја праќа вистинската порака до јавноста.

Сината боја треба означува доверба, смиреност , лојалност и интегритет со дозирана конзервативност и фригидност. Ангела Меркел и Хилари Клинтон се едни од политичарките кои често можат да бидат забележани во одела со сина боја. Тоа е пораката која што сакаат да ја пратат во светот и успеваат во тоа.

Црвената боја е боја на енергијата, амбицијата, страста и одлучноста. Ако се сеќавате, често пати во црвена боја беше облечена поранешната прва дама на САД, Мишел Обама.

Портокаловата боја означува социјална комуникација и оптимизам. Ова е уште една од омилените бои на Хилари Клинтон.

Бојата на индиго означува интуиција, идеализам и реализам. Ова е една од боите кои ги носи Тереза Меј. Таа исто така сака да биде видена во сина, пурпурна и црвена комбинација на бои.

Ненси Пелоси, американската политичарка, секогаш е во светли и јаки бои.

Кондолиза Рајс е уште една жена политичарка која точно знае како сака да изгледа и каква порака сака да прати.

Важно е што носат политичарите и во која прилика го носат. Кај мажите не може многу да се отскокне од формалните одела, но жените можат да праќаат силна порака преку облеката, посебно боите кои ги бираат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.