Модните тајни на Британките со најмногу стил

0

Зборовите „ексцентрично“, „модерно“ или „пренагалaсено“ премногу често се употребуваат, но без разлика кој епитет ќе го употребите кога се работи за стилски познатите бритнаски икони, Алекса Чунг, Кејт Мос, Суки Вотерхаус,  Викторија Бекам, Ема Ватсон и Џорџија Меј нема да погрешите.
Но, сите овие Британки имаат неколку заеднички особини кога се зборува за стилот на облеката…што е тоа, се запрашувате?
modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (114)
Тоа е способноста да го покажат сопствениот вкус или комбинација што е невозможно да се копира, благодарејќи на типичната британска самодоверба.
Она што исто така е познато за Британките е тоа дека сакаат да експериментираат со стилот, трендовите и боите…
modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (115)
Непредвидливиот плакар на Британките често е комбинација со различната англиска класика.
Кога велиме класика, посочуваме на познатите англиски дезени- карирано, традиционалниот школски блејзер, панк деталите и слично.
Овие препознатливи стилски изгледи буквално живеат во потсвеста на секој Британец што токму тоа стилските икони ги прави поразлични во следење на модните трендови, а сепак со задржување на нешто препознатливо за нив.

Следењето на еден па друг тренд за нив не претставува никаква потешкотија или пак труд како што е примерот со топ моделот Кејт Мос. Една недела може да ја гледате во елегантен стил, парчиња од свила, а наредната пак недела од глава до пети во кожа.
modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (112)
Британките буквално знаат како да си поиграат со материјалите, комбинациите, високата, а и уличната мода.
Може да го спојат и она што на прв изглед би ви изгледало како вистинска катастрофа- традиционално со ултра модерно.
Храбро го носат стилот на бајкерска јакна со елегантен вечерен фустан, морнарски маици со елегантни здолништа, лежерни џемпери, машки одела, традиционален редизајниран тартан и уште многу други комбинации.
modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (110)

И да не заборавиме, Британките се верни на британските дизајнери. Патриотизмот им е наследна особина, а тоа е она што го карактеризира нивниот стил.
modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (99) modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (100) modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (111) modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (113) modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (116)
modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (101)modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (102)modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (103)
modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (104)
modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (105)modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (106)modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (107)modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (108)modne-tajne-najbolje-stilizovanih-Britanki (109)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.