Модни трендови на скијачките патеки

0

Ски сезоната речиси започна, скијачките центри почнуваат да се полнат, а и вие размислувате да отидете барем на викенд до некоја од нашите планини, или до одморалиштата во соседна Бугарија.

И се наоѓате пред дилема – што да облечете? Да, дури и при посетата на ски центрите треба да изгледате убаво, не само да ви биде топло.

Па што треба да одберете за да бидете и вие во тренд оваа сезона?

Не е важно да имате само скијачко одело, туку да внимавате и какво е. Дебелите, широки панталони веќе не се ИН. Напротив, во мода се парчиња што ја следат линијата на телото. Размислете и за куса јакничка – тоа е секогаш во мода.

Секако, за да бидете во тренд одберете јакна со крзно и капа со крзно, убав дебел плетен шал и ракавици кои нема да ви ги кријат прстите за да можете полесно да ракувате со мобилниот телефон (наместо постојано да ги вадите ракавиците од рацете).

Конечно, важни се и асесоарите – очилата за сонце, малата чантичка која ќе ја ставите преку рамото, а во која ќе ги ставите сите неопходни предмети за да уживате во денот – балзам за устата, крема за лице со заштитен фактор и секако – мобилниот телефон за многу фотографии на снег.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот