Модни трендови кои ќе не освојат ова лето

0

Иако сме на средина од пролетта, време е да ги најавиме модните трендови кои ова лето ќе бидат актуелни, ќе нè освојуваат, ќе ги заведуваат момците, едноставно ќе уживаме во нив и во едно долго, лежерно лето.

Фустаните од деведесеттите се враќаат на голема врата. Овие свилени и лежерни фустани ќе го одбележат летото. Женствени и секси и може да ги носите во сите прилики. Ако сакате да постигнете кежуал изглед само ставете долга наметка над фустанот.

letni-trendovi (3)

Еден од највозбудливите трендови ова лето ќе биде ексцентричниот изглед, кој ќе ви дозволува да споите дезени и бои кои ви се чинат невозможни за комбинирање сето тоа надополнето со масивни и шарени аксесоари.

letni-trendovi

Заборавете на класичните летни маички. Ова лето актуелни ќе бидат невообичаените кошули. Кошули со асиметричен крој, со принтови, кошула – фустан, кошули со реси, со карнери… Едноставно, мора да ги имате во вашиот плакар!

letni-trendovi (5)

После ресите кои изминативе сезони ги видовме на секое можно парче облека, на ред се карнерите. Модните експерти тврдат дека тие ќе бидат хит оваа сезона. Ќе ги красат фустаните, ракавите, јаките, здолништата..

letni-trendovi (4)

Најочекуваниот тренд за ова лето се блузите со паднати ракави. Овој тренд ќе биде фантастичен начин да ги покажете рамениците и клучните коски кои знаат да бидат премногу сексапилни.

letni-trendovi (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот