Модни совети за сите времиња

0

Каков и да е моменталниот тренд, некои правила се вечни.

Евтино или скапо?

Вечната дилема треба да има еден одговор – купувајте работи што ви одговараат и ви се допаѓаат и колку што ви дозволува буџетот. Во краен случај, наместо на скапа гардероба потрошете пари на не толку скапи асесоари со коишто можете да го освежите секое парче облека.

Кога сакате бои…

Боите зборуваат многу за вас. Важно е да не претерате со нивна комбинација, па од многу бои да изледате како кловн наместо како жена со стил.

Долната облека треба да остане долу

Под бели панталони не се носат бели гаќички, туку во крем боја. Истото се однесува и на белите кошули – наместо бел градник кој ќе се забележува, решете се за градник во крем боја кој ќе остане „невидлив“. Истовремено, внимавајте долната облека да не ви „ѕирка“ – тоа е вулгарно.

Што мора да имате во плакарот

Црни панталони, бела кошула, фармерки и тексас јакна се секогаш добар избор. Само треба да ги комбинирате со останатата облека што ви се наоѓа во плакарот и ќе бидете подготвена за секоја пригода.

Чевли и чанти

Препорачливо е да се од ист материјал и во иста боја, ама тоа не е секогаш возможно. Затоа обидете се барем да бидат во ист стил. На пример немојте да носите платнена чанта со лакирани балетанки.

Голо само на плажа

Сосема е во ред на плажа да го покажете најдоброто на себе, ама не и да се разголувате кога шетате низ град. И ако денес имате подлабоко деколте, утре разголете ги нозете, задутре рамената – никогаш и никако сè заедно.

Распродажба и намалување

Ова е добро време да купите нова гардероба, ама и тогаш не купувајте парчиња што не би ги носеле за само да ви седат во плакарот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.