Модната недела во Њујорк го оствари сонот на девојче дијагностицирано со ретка врста на рак

0

Изминатата недела за време на модната недела во Њујорк, познатиот дизајнер Наем Кан им ги стопли срцата на посетителите остварувајќи го сонот на 11 годиншната Тринити болна од рак.

Наем Кан е дизјанер од прва класа, а негови клиенти се познати личности од светот на музиката, филмот и културата.
Но, неговиот клиент изминатата недела беше 11 годишната Тринити Моран од Тексас, минатата година дијагностицирана со ретка врста на рак. Таа е петтиот човек по степењување на ретки заболувања во Тексас, а нејзината операција треба да биде во наредните неколку недели.
mos_021916070327

Тринити што е љубител на модата и се обрати на фондацијата „Make-A-Wish“, споделувајќи ја нејзината желба да се појави на модата недела во Њујорк, а дијанерот Кан нејзиниот сон го претвори во реалност.
Не само што малдата дама се појави на модната писта, туку таа соработуваше со дизјанерот за креирање на уникатен фустан за неа.

„Таа е голем љубител на модата, а дизајнерот се појави на модната писта со неа, држејќи ја за рака и слушајќи ги нејзините идеи“- изјави мајката на Тринити за Холивуд Репортер.
„Тие нацртаа 3 раличини креации и дискутираа како таа би изгледала во нив. Тоа за неа е повеќе од само еден сон“- додаде мајката.

NEW YORK, NY - FEBRUARY 17:  From Make-A-Wish Foundation, Trinity Faith Moran (L) and designer Naeem Khan greet the audience from the runway at Naeem Khan Fall 2016 during New York Fashion Week: The Shows at The Arc, Skylight at Moynihan Station on February 17, 2016 in New York City.  (Photo by Frazer Harrison/Getty Images for NYFW: The Shows)

Тринити на пистата се појави со долг црвен фустан со прекрасен вез во кои изгледаше како принцеза од цртаните филмови. Нејзината среќа се гледаше на лицето додека ја поздравуваше публиката мафтајќи со раката.
Модната недела во Њујорк го оствари нејзиниот сон.
021816-naeem-khan-lead

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.