Модар патлиџан со тестенини и пилешко

0

Ако се прашувате што да подготвите денеска за ручек или вечера, ние го имаме одговорот…

Состојки

2 парчиња пилешки стек

4 модри патлиџани

250 гр. ситни макарони

1 китка магдонос

180 мл. павлака за готвење

6 јајца

малку лук

мускатно оревче

Подготовка

Чекор 1: Ставете ја Вок тавата на рингла да се загрее. Ситно исецкајте 2 чешниња лук и пропржете ги на малку маслиново масло и путер додека да пуштат мирис. Додадете го пилешкото месо. Месото извадено од модриот патлиџан исто така додадете го да се пропржи со пилешкото. Додадете ја павлаката за готвење и мускатното оревче.

Чекор 2: Ситните макарони сварете ги. Сварени додадете ги во пилешкото месо. Исецкајте го магдоносот и додадете го во садот со месото, промешајте и смесата за полнење е готова.

Чекор 3: Наполнете ги модрите патлиџани со смесата и печете ги на 220 степени со вентилатор, максимум 15 минути. Во осмата минута извадете ги од рерна и секој модар патлиџан прелејте го со матено јајце. Вратете во рерна да се допече.

Чекор 4: Сервирајте!

СОВЕТ: Овој рецепт е повеќе идеја за поинакво полнење на зеленчукот. Слободно направете комбинација од тестенини и додатоци по ваш вкус.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот