Мобилен телефон на иднината – Ало

0

Дизајнерите Филип Страк и Жерар Оливије во соработка со компанијата Томпсон го создадоа „Ало“ – телефонот на иднината.

Ова е нешто сосема поинакво од телефоните што ги користиме денес, а кои се во вид на плочки. Овој телефон воопшто нема екран, туку проектира 3D холографи, односно прикази на сето она што сме навикнати да го гледаме на екранот.

Телефонот се активира со глас, има проѕирно куќиште со интересна форма која совршено „лежи“ во раката. Телефонот се активира со говорни команди, вклучувајќи го и вртењето на броевите, диктирањето смс пораки наместо нивно пишување, диктирање меил пораки… Телефонот има камера која работи како око и им дозволува на корисниците да читаат текст којшто е стигнат во порака или, на пример, можат да идентификуваат лица.

Производителите велат дека телефонот функционира со помош на топлина и дека вибрира, па на тој начин „комуницира“ со сопственикот.

Јадрото на телефонот е изработено од алуминиумска легура и е опкужено со куќиште кое функционира како интерфејс.

За сега телефонот е само концепт, но се очекува прототипот да биде развиен до крајот на годината.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот